Гостите од dm поткастот порачуваат: Не си сама, не си единствена, сите се соочуваме со менструални проблеми

Добивај вести на Viber

Секогаш посветена на зајакнување на жените и промовирање на нивната благосостојба, компанијата dm со задоволство ја најави втората епизода од својот поткаст ,,Женски ритам“. Поткастот има за цел да ги едуцира и инспирира жените, поттикнувајќи позитивен дијалог за различни аспекти од физичкото, социјалното, менталното, како и менструалното здравје на жените, што всушност е и темата на втората епизода на поткастот.

Ана Јовковска, водителката на овој поткаст, како и во првата епизода за физичкото здравје на жените, заедно со гостите несомнено ќе ви влее надеж дека предизвиците кои ги носи природниот феномен наречен менструација се нешто со кое се соочува секоја девојка и жена.

Трите извонредни жени-гостинки во оваа епизода се: примариус д-р Искра Дукова - специјалист гинеколог акушер на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство, Јана Коцевска - извршна директорка во Тиииит! Инк. и Сања Арсовска – актерка. Тие во повеќе од еден час успејаа да ги споделат своите искуства и стручни мислења, на еден емотивен начин кој ќе ви овозможи да се пронајдете низ приказните кои ги раскажаа и да разберете зошто менструацијата не е избор - што е и насловот на самата епизода.

Што му се случува на телото во текот на менструалниот циклус, колку долго тоа трае и што треба да знаеме за него, што значи ПМС-от и кои се неговите симптоми, но и што е она што се нарекува менопауза – д-р Искра нѐ едуцираше и ни одговори на овие прашања:

,,Менструалниот циклус е нормален и здрав феномен – физиолошки процес којшто се случува специфично кај жената. Тоа е една серија на настани која се случува на циклично ниво. Може да трае од 21 до 35 дена со некоја просечна должина од 28 дена каде што се случуваат одредени хормонални промени во организмот – да кажеме во една деликатна комуникација меѓу гениталните органи и јајниците, хипофизната жлезда, хипоталамусната жлезда при што се одвива процес кој е многу важен во однос на репродуктивниот процес – еден од најбитните во човековото тело.“

Доколку некогаш сте почувствувале дека менструалниот циклус има големо влијание врз вашето секојдневие, но и дека само вие се соочувате со предменструален синдром, актерката Сања ќе ве убеди во спротивното и многу емотивно ќе ви раскаже за нејзиното искуство:

„Прилично е тешко кога при одредена психичка или физиолошка промена на телото треба да излезеш на сцена затоа што публиката не е свесна со што се справуваш ти и не можам јас на публиката да ѝ кажам дека ми е првиот ден од циклусот или дека овулирам и имам одредени проблеми, ниту пак дека имам предменструална дисфорија и тоа влијае врз моето расположение.“

И за крај, дали некогаш сте се запрашале колку жени го делат истото искуство со вас, колку жени имаат засилени симптоми на ПМС, колку жени се чувствуваат засрамено дека поминуваат низ менструален циклус, но и колку чини менструалното здравје? На овие прашања, одговори ни даде Јана, а сподели и факт којшто со сигурност нѐ остави изненадени – во текот на својот репродуктивен период жената во просек троши околу 130.000 денари за набавка на менструални производи.

Изгледајте ја целата епизода веднаш:


Серијата од епизоди на dm поткастот ни носи богато знаење и стручни совети, истакнувајќи ги различните перспективи на предизвиците и триумфите со кои се соочуваат жените во својот живот. Сите епизоди може да ги изгледате на YouTube каналот на dm!


ПР објава