Готов за неколку минути: Идеи за здрав и вкусен појадок
Дали ја знаете изреката: „Појадувај како крал, ручај како принц и вечерај како просјак“?
Ова значи дека појадокот е најважниот оброк во денот и навистина треба да нè засити.
Ни дава енергија и ни ги полни батериите за да ни помогне да го преживееме денот. Нема изговор за прескокнување на појадокот.
Еве како да направите вкусен, интересен и здрав појадок!
Плочки со грчки јогурт
За овие вкусни плочки ви се потребни: овес, бадеми, кокос, чиа семе и боровинки. Од смесата направете ја посакуваната форма и се прелива преку со густ, грчки јогурт. Чувајте го во фрижидер најмалку една вечер, а ако ги чувате подоцна во херметички затворена кутија, ќе појадувате неколку дена.
Мафини со вишни
Јајце, масло, шеќер, ванилин шеќер, брашно и кора од лимон се состојките за вкусните мафини, но ќе добиете посебна ужина со вишни во нив. Покрај тоа ќе ви одат со утринското кафе.
Слатки ролни со бело чоколадо и брусница
Тестото измешајте го со брусница и цимет и оставете во пластичен сад да отстои цела ноќ и да расте. Кога ќе станете утрото, тестото намотајте го во ролни и печете го околу 30 минути. После тоа, истурете растопена бела чоколада.
Утринско бурито
Ако сакате вистински протеински појадок, ова е одличен избор. Навечер испржете ги јајцата и поделете во 5 тортили. Ставете сирење, ситни домати, па дури и чили сос ако сакате зачинета храна. Замотајте ги тортилите и ставете ги во фолија и во фрижидер. Следното утро, загрејте ги малку во микробранова и појадокот е подготвен!
Француски тост од јаболка и цимет
Овој вкусен и брз појадок можете да го готвите ноќта пред тоа, особено ако имате гости за на појадок. Така, во вечерните часови натопете го тостот во јајца и ставете го на сад за печење. Посипете цимет и наредете парчиња јаболка. Ставете фолија над садот и печете додека смесата не стане кафеава.