Град Скопје во вторник вонредно ќе прска против комарци:Граѓаните испокасани

Град Скопје по бурните реакции на граѓаните за наездата на комарци, во консултација со надлежните здравствени служби донесе одлука за вонредно прскање против комарци.

Прскањето ќе се спроведе во вторник.

Од градот потсетуваат дека оваа година извршиле 4 авионски и 4 терестични дезинсекции на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци и против ларви од комарци. И додаваат дека дезинсекцијата главниот град ја спроведува според сите светски и европски стандарди, а средството кое што се користи е од најдобриот светски препарат, производство на Бајер - Германија, а прскањето и растварањето на средството се врши согласно упатството на производителот и под надзор на комуналните служби на градот

Граѓаните изминатиов период најчесто преку социјалните мрежи апелираа за инвазијата на комарци во Скопје.

Скопјани се жалеа и велеа дека не можат навечер да седнат во двор, ниту на тераса, а паркот кадешто има и вода бил неподнослив наместо релаксирачки поради инвазијата од комарци.