Градникот веќе не е во мода: Еве зошто жените ова лето се шетаат без градници
Градниците се носат уште од 1914 година, за денес поголемиот број на жени да ги отфрлаат целосно.
Ова се причините поради кои жените едвај дочекаа да се решат од градниците:
Удобност
На пазарот се појавија многу градници со универзална величина. Дури и веќе достапните величини не се секогаш прилагодливи за сите жени. Токму поради тоа, понежниот пол ја трпи неудобноста на градниците. Со строго отфрлување на ова парче долна облека, жените добија слобода што отсекогаш ја посакуваа.
Феминистички отпор
Многу феминистки го отфрлаат градникот како знак на отпор. Со оваа акција на отфрлање на еден од најважните делови од долната облека, жените сакаат да се изборат за еднаквост.
Заштеда на пари
Пристојниот градник денес чини многу. На многу самосвесни жени, овој факт им смета, па ова е уште една причина зошто тие секој ден се’ повеќе се одлучуваат дека градникот не им е потребен.
За оние жени кои сакаат да го присвојат овој тренд, летото е идеалното време за тоа. Отфрлете ги градниците, носете полесна облека и НЕКА ЖИВЕЕ СЛОБОДАТА!