Нашите граѓани предлагаат: Што да правите додека сте во домашна изолација

Добивај вести на Viber

По новонастанатата ситуација со коронавирусот, откатко Министерството за здравство апелираше граѓаните да се самоизолираат и беше донесена одлука за прекинување на наставата во основните и средните училишта, како и во градинките и на факултетите, Теодора Цветковска – новинар и активист, со Фејсбук статус, покрена хаштаг тренд насловен #СедиСиДома #QëndroNëShtëpi, каде во коментари граѓаните даваат идеи како да се поминуваат деновите дома, во време на коронавирус. Веќе стотина луѓе го споделија статусот, а во коментари и на своите профили споделуваат што тие прават, за да инспирираат други луѓе. 

-Јас како новинарка и совесен граѓанин решив и на ваков начин да апелирам сите да ги слушаат препораките и да се воздржат од одење по кафани, паркови, групни собири некое време. На овој хаштаг нека напише секој како го поминува својот ден. Дали чита книги, го уредува домот, прави украси, гледа серии. Сметам дека треба да сме дисциплинирани и најважно од сѐ да не паничиме. Се надевам дека во овие моменти хаштагот #СедиСиДома ќе ни помогне полесно да се анимираме- изјави Теодора Цветковска за Женски магазин и Хаштаг.

Нејзиниот статус: 


Љ.И