Границата на појавување карцином на женските репродуктивни органи се поместува и пред пубертет: Интервју со д-р Никола Баџаков

Добивај вести на Viber

Болката не е примарен и главен симптом кај скоро сите карциноми на репродуктивните органи кај жената, но доколку се појави одредена состојба тогаш веќе е задоцнето со дијагностика, посочува во денешното интервју, д-р сци мед Никола Баџаков, специјалист гинеколог во приватната клиничка болница Аџибадем Систина. Според неговото долгогодишно искуство во третманот и лекувањето на карциномите на репродуктивните женски органи, нагласува дека кај жената може да бидат опфатени со карцином сите органи почнувајќи од вулвата, вагината, грлото на матката и самата таа, тубите, јајниците. 

-За жал границата на појавување карцином на женските репродуктивни органи се поместува и пред пубертет, кој во деншно време се јавува порано заради социјално, ментално, сексуално созревање на девојките

Што се однесува пак до успешноста на лекувањето, д-р Баџаков вели дека тоа зависи од повеќе фактори.

Во една прилика министерот за здравство Венко Филипче, во момент кога имавме преполни болници и до 1.500 пациенти хоспитализирани поради компликации од ковид напомена дека никогаш порано светот не се соочил со лекување на само една патологија во болниците. Дали за сметка на изминатава година и пол кога светот живее во пандемија на корона вирусот во пораст се малигните заболувања?

Д-р Баџаков: Немаме вистински податоци од релевантни институции во светот за пораст на малигните заболувања. Почетокот на пандемијата од ковид беше шокантен на секаде, но високо организираните општества брзо се снајдоа заради високата свест дека примарно е здравјето на луѓето. Паралелно се одвиваа акциите кон корона вирусот, не заборавајќи ја хронично болната популација, секако и малигните заболувања.

Во контекст на ова, и секако во контекст на вашата специјалност, дали има пораст и на малигните заболувања на репродуктивните органи кај младите девојки и жените?

Д-р Баџаков: Во нашата држава за жал од 80-те години на минатиот век, не постои Регистар за малигни заболувања на репродуктивните органи кај жената. Тогаш со инијацитива и реализација од Гинеколошката клиника во Скопје, потпомогната и од други институции и општествени фактори во Македонија, беше ефектуиран и со успех функционираше Регистарот. Бидејки се бавам со оперативна гинеколошка онкологија, во приватната клинича болница “Аџибадем Систина“, пациентките со релевантни податоци постојат само во мојот личен регистар, кој ми е неопходен за пациентките со малигни заболувања на гениталиите. Ако има пораст,  бара темелна анализа на  факторите кои довеле до тоа, дали тука има влијание моменталната организација во јавното здравство со пандемијата и другите зболувања, дали целокупната организираност на општеството во оваа состојба и предходно, дали доаѓа циклусот на влијание од бомбардирањето во околината пред 2 децени, дали има влијание животниот стандард на граѓаните, ако статистички тој е опаднат, дали има влјијание гојазноста, пушењето, стресот. Одговорите не се добиваат од индивидулна анализа на поединечна здравствена институција.

Кои се најчестите карциноми кои може да се јават кај женската популација?

Д-р Баџаков: Сите органи кај жената се опфатени со карцином, почнувајќи од вулвата, вагината, грлото на матката и самата таа, тубите, јајниците. Според возраста на пациентката, има разлика во честотата на појавувањето кај гениталните органи на жената. Сепак според светските статистики, кои не се различни ни кај нас, најчест е на грлото на матката, па на телото, јајниците, вулвата, вагината. Во последните децении се смени возраста на жената за појавување на одредени карциноми, кај некои се спушти границата, кај други се јавува кај повозрасни.

Постарите знаат да кажат „ракот не боли“, но дали кога станува збор за едно од најсериозните заболувања постојат некои симптоми, некакви иницијални знаци поради кои една индивидуа би побарала лекарски преглед?

Интервјуто продолжува на Фактор.мк