Гребење, навреди, тупаници, турканици...: Ова се детали од апсењето на ќерката на Мик Џегер (Видео)
Ќерката на Мик
Џегер, Џејд, е уапсена на Ибица откако, според локалните медиуми, нападнала
неколку полицајци. Инцидентот избил во ресторан, а таа поради своите постапки
наскоро ќе мора да се појави на суд.
Таа цела ноќ ја поминала позади решетки, бидејќи прво вербално, а потоа и физички се пресметала со надлежните и одбила да послуша што и наредиле. Педесет и едно годишната дизајнерка на накит била на пријателска вечера на која во еден момент станала насилна.
Вработените се обиделе да ја смират, но тоа воопшто не и се допаднало на неа и на другиот гостин со кој седела на маса. Пријателот потоа започнал расправија, па дури и им се заканувал на другите гости кои вечерале во истиот ресторан.
- Некој, околу 9 часот се јавил локалната полиција за да пријави нарушување на јавниот ред и мир. Меѓутоа, додека пристигнала полицијата, мажот го напуштил барот откако им било кажано дека повеќе нема да им носат пијачки. Случаен минувач тогаш ги известил надлежните дека маж малтретира луѓе на улица. Бидејќи не сакал ни да го каже своето име, туку бил насилен, морал да биде уапсен. Кога полицијата влегла во барот ќерката на Мик извкала, „Глупава полиција“, а потоа турнала една од нив, па дури и го удрила. Потоа ја совладале и ја привеле, објаснил за странските медиуми извор од местото на настанот и додал дека наследничката на Џејгер дури и изгребала една полицајка.
Шпанските медиуми на големо пишуваат како Џејд завршила позади решетки, но се уште не е познато дали таа и пријателот ќе оди на суд до крајот на денешниот ден или почетокот на следната недела.