Грешка која скапо ќе ја чини: Северина на поранешниот сопруг мора да му плати 20 000 евра, причината неверојатна

Добивај вести на Viber

Пејачката Северина Којиќ, наводно повторно има финансиски проблеми, пишуваат хрватските медиуми.

Како што се наведува кон крајот на минатата година, финансиската агенција ФИНА во Хрватска, на Северина и издала налог за принудна наплата во износ од околу 150 000 куни, односно околу 20 000 евра.

Принудната наплата наводно и ја одредил судот, бидејќи не му го вратила хрватскиот пасош на малолетниот син, на поранешниот партнер и татко на детето, бизнисменот Милан Поповиќ.

Одлуката за присилна наплата ја донесoл општинскиот граѓански суд во Загреб во јуни минатата година, а повисокиот суд ја одбли жалбата на Северина и ја потврдил. Во одлуката, наводно, било наведено дека ако пејачката не постапи според решението, на Поповиќ наводно ќе треба да му плати 1.000 куни или околу 133 евра за секој ден одложување.

Ова не е единствената судска казна што и се случи на пејачката. Имено, судот во Загреб во јуни минатата година, наводно, ја казнил пејачката со износ од 5.000 куни, или околу 666 евра, затоа што на својот профил на Инстаграм објавила фотографија од својот син дури и по судската забрана. Подоцна ги отстранила фотографиите, а судот ја предупредил дека следниот пат кога ќе објави фотографија од нејзиниот син на социјалната мрежа, казната ќе биде 10.000 куни, што е околу 1.333 евра.



Фотo: YouTube/Printscreen

Може да ве интересира:

Северина не смее да објавува фотографии од синот: Му честиташе роденден со песна од Балашевиќ и емотивен статус