Гробот на Тоше ќе биде завршен пред годишнината од смртта: По 13 години конечно пејачката легенда го доби заслужено почивалиште

Добивај вести на Viber

Ги нема веќе лимениот покрив, најлонската ограда и кадифените мечињата како декор, за да ја ублажат грдата слика на гробот, која со години ја гледаа фановите на Тоше Проески и почитувачите на неговите лик и дело од разни страни на светот. На 16 октомври, на годишнината од смртта на македонската пејачка легенда, посетителите на тоа место ќе видат достојно вечно почивалиште,

-После 13 години од неговата смрт нашиот сограѓанин и поп икона ќе добие достојно вечно почивалиште и ќе се обидеме барем малку да му возвратиме за сето она што тој во својот живот го направи за нас. Со одвоени 10 милиони денари од Владата на Република Северна Македонија, гробот почнавме да го правиме во октомври 2019.Во основата на симболот на самото гробно место при неговото дизајнирање во прв план е религијата, односно големата религиозност на Тоше Проески и вербата во Бог кој ја споделуваше преку музиката. Сепак, се работи за гробно место кое само по себе е врзано со религијата, но тука крстовите, кои се од мека форма, повторно ја симболизираат големата религиозност на Тоше и сите добри дела кои ги правеше во име на вербата во Гсопод. Самата основа на објектот е крст – велат од општина Крушево.

Од фотографијата на идејното решение се забележува дизајн на три степени на објектот.. Ова тристепено качување го илустрира патот на душата, односно градација на развојот на душата и светото тројство и нејзино качување од живот кон нешто севишно. Повторно симболика на религиозноста на Тоше.Автори на идејното решение се „Архитектоника“ .

- Водечка мисла во решението е создавање на Спомен обележје кое ги отсликува, верата, хуманоста, широкоста, љубовта која беше претпознатлива во неговата речениц „Ве сакам Сите“.Спомен обележјето е во облик на крст. Крст како симбол на верата. Крст кој Тодор ја носеше.Белиот гранит е отсликување на чистотата на неговата душа.  Духовните луѓе ја сакаат белата боја. Затоа фасадата е со бел гранит, исто како и почивалиштето, и ентериерот. Сметаме дека може да има неколку типа на редење на гранитот. Како можност се јавува осум типа на стандардизирани парчиња гранит, како осум ноти и истите да се пресилаат на фасадата, како вечна песна која архитектурата би ја пеела. Внатрешноста на објектот изобилува со зелени ѕидови. Отсликување на рајската градина.Нашата религија има термин почивалиште. Местото каде Тодор почива го одсликува овој термин. Истото ќе биде изработено од бел мермер.Почивалиштето мора да го отслика верувањето дека душата на Тодор Почива појаснуваат од „Архитектоника“.

Во гробното направени се и гробни места за родителите на Тоше.

Соња Алексоска Неделковска