Грутката не е единствен аларм за тревога: 5 необични симптоми за рак на дојка кои мораме да ги знаеме
Овој месец е Меѓународен месец на борба против ракот на дојка и затоа се насочуваме на сите важни работи кои не смеат да останат незабележани...
Ракот на дојка е еден од најчестите облици на рак кај жените.
Доколку се дијагностицира на време, ракот на дојка може да се излечи, а за да биде откриен во рана фаза, потребно е да ги знаете симптомите кои никако не смеете да ги игнорирате.
Болка на грбот
За жал, болката на грбот е честа и дури осум од девет луѓе во текот на животот барем еднаш се соочиле со таа болка. Меѓутоа, тоа може да биде симптом за рак на дојка. доколку чувствувате притисок во 'рбетот, ребрата или горниот дел на грбот, чувствувате дека болката „доаѓа“ од коските, тоа може да значи дека туморот почнал да шири на 'рбетот.
Долготрајна кашлица
Примарниот карцином е оној кој се појавува во еден дел од телото. Сепак, некои клетки на ракот може да „стигнат“ во други делови од телото и да ги заразат и тие делови, а тоа се нарекува секундарен карцином. Продолжената засипнатост и кашлица може да бидат знак дека ракот се проширил на белите дробови. Се јавува кај 60 - 70 проценти од жените кои страдаат од рак на дојка. Во некои случаи, присутна е сува кашлица и отежнато дишење.
Нови бемки или промени кај постоечките
Бемките често се поврзуваат со зголем ризик од рак на кожа, но истовреме тоа може да биде знак за рак на дојка. Студијата спроведена на 89.902 жени на возраст помеѓу 40 и 65 години, покажала дека жените кои имаат повеќе бемки на телото се за 13% изложени на зголемена опасност од рак на дојка. Затоа експертите предупредуваат дека доколку забележите појава на нови бемки на кожата или промена на оние кои ги имате, задолжително да се консултирате со лекар.
Замор
Константното чувство на замор е чест знак за рак на дојка. Тоа што е важно е дека тој замор не поминува дури ни по одмарањето или спиењето. Заморот во овој случај воглавно е поврзан со стресот, а често е проследен со депресија, несоница и болки. Експертите велат дека до тоа доаѓа поради хемиски дисбаланс кој клетките на ракот го предизвикуваат во телото.
Промени во мочниот меур или цревата
Ракот на дојка може да доведе до хормонски промени кои ги сушат мочните канали и го отежнуваат контролирањето на мочниот меур, што е состојба позната под називот инконтиненција (неможност за контролирање на мочниот меур).
Симптомите на инконтиненција се изненадни, честа појава за мокрење, мокрењето трае подолго отколку вообичаено, а често се случува мочниот меур да ослабе што доаѓа до мокрење и при смеење, кашлање... Доколку забележите некој од овие симптоми, би требало да се консултирате со лекар, за да се утврди причината на инконтиненција.
Извор: glossy.espreso.rsМоже да ве интересира:
Симптоми на рак на дојка: Корисни чекори и намирници за спас