Г.Т.Ц. со моден спектакл одбележа 45 години градски шмек
Градски Трговски Центар на сите потрошувачи својот јубилеј од 45 години градски шмек им го посвети со моден спектакл од брендовите во трговскиот на кои беа презентирани колекциите есен-зима ‘18/’19. На настанот присуствуваа еминентни и познати личности, како и потрошувачи, додека домаќин беше актерот Сашко Коцев, гостите ги забавуваа Тринити Стрингс, Диџеј Момикс и Дани со својот бенд.
„Чест ни е и задоволство што одбележуваме 45 години од Градски Трговски Центар. Генерации се пораснати со нашиот Трговски, ние, сакаме да биде место за сите оние кои се љубители да шопингуваат и за оние кои сакаат да се релаксираат. Подготвуваме проекти кои ќе дадат дополнителен белег за идните генерации се со цел да се продолжи традицијата на градскиот и урбаниот шмек“ вели Ѓоко Трајчевски, директор на Г.Т.Ц.
Брендовите беа презентирани во неколку сегменти, се започна со настапот на триото Тринити Стрингс со свеченото излагање на Lamas Couture кои се претставија со ексклузивна рачно изработена колекција, потоа следуваше DiViao, бутик за мажи со елегатна колекција, бутик Нана со свечена колекција и Крш продавница за играчки и бебешка опрема.
Кежуал делот запозна со колекцијата есен-зима на Фокабо Фешн, па продолжи со бутик Дона, Атила со колекција за мажи, Луксантика, луксузни брендови на кожни чанти Manual Co, Ivkovich и креации на македонскиот дизајнер Лудус.
За најмалите се презентираше детски модели на продавниците Стружанка и трговската марка Ready за деца, бутикот за деца Марек и се затвори со светскиот урбан бренд Benetton.
Кежуал делот продолжи со Euro Asia – колекција за целото семејство, Arthur’s со колекции на Converse, Dr. Marthins, Vans, Puma & Kappa, Тудорс со кошули и џемпери за мажи, шпанскиот бренд Ада Гати за урбани, мултибренд продавницата City Fashion ги претстави брендовите Pierre Cardin, Joop, Seidensticker, Club Comfort & Betty Barclay, додека Bella модерна и деловна, со колекција капути.
Во спортскиот дел се презентираа, Sport Reality со колекција на спортска облека, Sport Vision колекција на спортска опрема и облека, Runners, Спорт М и Мега Спорт со спортска колекција за есен-зима и продавницата Paco & Co.
За модни додатоци учество земаа рачно изработенито накит Митас, City Optics и Zeiss очила за диоптрија и за сонце со најнови колекции, Duki Daso колекција на чанти есен-зима.
За обувките се погрижија Peko со колекција за целото семејство, Pellino – урбана колекција на чевли од брендот Shevro, Полини, Biana Shoes, Kegi Shoes со детска колекција есен-зима
Тринити Стрингс со своите инструменти ги воодушеви гостите кога се презентираше и долната облека на брендовите, Bonatti за колекцијата есен-зима и ревијата ја затвори Lisca со најновата колекција наслова како Selection. Дефилето за крај беше посветено на Г.Т.Ц. на кое излегоа сите модели со песна за Скопје и со поклонување им се заблгодарија на присутните.
Моделите на сцена беа од Македонија и Србија, за шминката се погрижија од Студио Фран и за фризурите тимот од Ателје Тренов.
„Сите ние сме дел од Г.Т.Ц., го гушкавме и во младоста и сега. Имаме разни спомени во трговскиот“ додаде Сашко Коцев на сцена.
Пријатели на настанот беа винарија Стоби, Пелистерка, Еуроимпекс генерален увозник за Peugeot во Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија и Soravia.
Исто така поддршка дадоа и Fashion Group, брендовите за убавина Bilka и Ziaja, ресторан Дион, ресторан Џино, кафуле Змија, Бакал.
Г.Т.Ц. ВЕ САКА!