Брендот Bitisianiобјави нова, летна кампања во која се претставени најновите парчиња од колекцијата за лето 2018. Парчињата се наменети за момците кои се храбри и секогаш сакаар да се издвојат со својот уникатен стил и умешното комбинирање на облеката.
Кампањата на Bitisaniнè носи со светот на регетонот и кубанската румба. Самиот термин „guapo“ значи убав маж. Во општествен контекст Guaperia е прикажан со „guapos“ и претставува бунтовнички став кој може да резултира со тепачки или одмазди. Во музичката терминологија пак овој термин се поврзува со овие музички правци кои се одличуваат со многу жар и страст.
Модели во кампањата се Iasonas Laios, Evans Nipoloulos, фотографијата е на Mara Lazaridou, додека пак арт дирекцијата е на StefanosMalamas.
Колекцијата, како што доликува изобилува со колорит и тропски принтови, кои се особено забележливи кај кошулите. Кројот на панталоните и оделата, пак неизбежно потсетува на 70-тите години, со геометриски елементи, фалти и горен дел кој ја следи линијата на телото. Модните додатоци, особено накитот се присутни за дополнување на целосниот впечаток.
Модниот филм за кампањата може да се погледне на следниов линк:
ARISTOTELI BITSIANI || GUAPERIA || SS 2018 from ARISTOTELI BITSIANI on Vimeo.