Хајди Клум го покажа фаталното тело во бикини, додека со сопругот прави хаос на плажа: Го возбуди Инстаграм со провокативно издание (ФОТО)

Филмскиот фестивал во Кан заврши, а многу ѕвезди решија да го продолжат престојот во Франција и да уживаат во сонцето и луксузот на своите јахти. Една од многуте кои се видени на прекрасниот Азурен брег е манекенката Хајди Клум и нејзиниот сопруг Том Каулиц.

Хајди Клум и Том Каулиц се венчаа во 2019 година, а нивната страсна врска станува поинтензивна со годините. Тие се видени во Франција како се бакнуваат и се допираат, пренесува „Page Six“.

Познатата манекенка на први јуни полни 50 години, а своето жешко тело го покажа во минијатурно бикини, додека гитаристот на Тokio Hotel, кој е 17 години помлад од неа, беше во црни шорцеви и имаше портокалова капа на главата.

View this post on Instagram

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum)



Во еден момент, Клум ги задржала ногата и раката на бутот на нејзиниот сопруг додека страсно се бакнувале.

Тие го продолжиле престојот во Кан, а пред да уживаат во јахтата Хајди и Том гостуваа на црвениот тепих.

Знаеме дека Хајди нема проблем да „покаже малку кожа“, па неодамна објави топлес слика на Инстаграм во само долен дел од бикини со црна танга.

"Cap d’Antibes fr", пишуваше во описот на сликата на која се гледа како срамежливо се врти кон камерата додека држи бела роза.

View this post on Instagram

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum)



А и нејзиниот сопруг нема проблем со голотијата, покажува фотографијата што ја споделија во чест на нивната четврта годишнина во февруари. Имено, парот позирал за селфи во огледалото со неколку црвени балони во облик на срце кои го покриваат таванот од нивната соба.

View this post on Instagram

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum)



Во описот на сликата пишувало „Love of my life“, а имало и кадар од парот.

Инаку, Хајди и Том тајно се венчаа во Калифорнија по речиси една година врска. Подоцна истата година, тие се венчаа пред семејството и пријателите во Капри, Италија


ФОТО: Инстаграм принтскрин официјален профил Хајди Клум