Хајди Клум и сопругот со рацете на нејзиниот стомак: Манекенката неодамна наполни 50 години, а сега се шпекулира дека чека бебе (ФОТО)
Пред само три и пол недели ја гледавме славната убавица како се радува на нејзиниот 50-ти роденден, но тоа не ги спречува медиумите да шпекулираат дека таа е бремена
Германската манекенка Хајди Клум и нејзиниот сопруг Том Каулиц (33), кој можеби го паметите како едно од ексцентричните близнаци од групата „Tokio Hotel“, овие денови уживаат во романтичен одмор.
Двојката моментално престојува во Венеција, каде друштво им прави ќерката на Хајди, Лу.
Хајди Клум и Том Каулиц тајно се венчаа во февруари 2009-та година, а манекенката е мајка на четири деца: Лени (19), која ја доби со Флавио Бријаторе, но беше посвоена од нејзиниот втор сопруг Сил, Хенри (17), Јохана (16) и Лу (13). Заедно шетаа, а од гондолата го разгледуваа градот и, како и обично, си разменуваа милувања на секој чекор.
Фотографите снимија неколку нивни излегувања, а особено им привлече внимание тоа што Хајди и Том како постојано го допираат нејзиниот стомак.
Ова ги подгреа шпекулациите на социјалните мрежи дали убавата Германка е во блажена состојба, иако можно е парот само да сака да се пошегува со фотографите и јавноста.
Извор: glossy.espreso.co.rs