Хајди Клум повторно шокира: Храбро издание или модна катастрофа?

Добивај вести на Viber

Манекенката и бизнисменка Хајди Клум повторно ги шокираше фановите. Славниот топ-модел одбра удобен стајлинг за патување, но нејзиниот избор на дезен резултираше со вистинско модно фијаско, пишуваат светските медиуми.

Широките панталони со ѕвездички, Хајди ги искомбинира со јакна со животински принт и со чанта која, исто така, има впечатлив геометриски принт.

Иако на модните критичари овој моден израз им е комплетно нејасен, Клум веројатно е многу горда на ова издание ако се суди по нејзината широка насмевка.