ХАЛКБАНК И VISA TRAVEL: Како да го испланирате вашето патување, за безгрижно истражување на дестинацијата

Добивај вести на Viber

Во светот во кој патувањата станаа составен дел од нашите животи, планирањето на совршен одмор никогаш не било поважно. Темелното истражување на вашата следна дестинација може да придонесе за безгрижно и пријатно запознавање на вашата посакувана локација. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат ефикасно да го испланирате вашето патување:

Поставете цел и буџет за патувањето: Определете буџет за вашиот одмор и користете кредитна картичка како алатка за следење на трошоците. Со редовно прегледување на изводите на картичката, можете да го следите вашето трошење и да се осигурате дека ќе останете во рамките на вашиот буџет.

Истражете ја вашата дестинација: Дознајте за нејзините главни атракции, историја, култура, кујна и локални обичаи.Читајте препораки и искуства од други патници за да стекнете вредни сознанија.

Размислете за временскиот период на патувањето: Избегнувајте патување во време кога може да има екстремни временски услови или преполни туристички места.

Изберете удобно сместување и транспорт: Сместувањето е можеби и најважниот дел од патувањето. Направете резервации однапред за да обезбедите подобри цени.

Халкбанк во својата палета на платежни картички ја додаде и Visa Travel.Се работи за кредитна платежна картичка наменетаза сите клиенти кои се во редовен работен однос, приматели и неприматели на плата/пензија на кои им се одобрува кредитен лимит согласно нивната кредитоспособност, а кредитниот лимит изнесува до максимум 300.000 денари.

Оваа картичка eособено наменета за клиенти кои често патуваат или сакаат да патуваат низ Европа со автомобил.Со Visa Travel корисникот добива бенефиции како Халк асистенција на патод Халк осигурување АД Скопје,бесплатно патничко осигурување со покритие од 10 дена за првата година, како и 10% намалување на цените на сите полиси за доброволно осигурување преку Халк осигурување АД Скопје.

На корисникот му следува и пристап до DriveAngel – мобилна апликација која ги предупредува возачите на небезбедно возење, овозможува итни повици и повици во случај на несреќа.

Корисникот на Visa Travel може да ги ужива и поволностите какоплаќање на рати без каматаи собирањебонус поеникај одредени трговци и користење на иститеприсекојдневните пазарувања на ПОС терминалите на Халкбанк АД Скопје. Покрај тоа, ако со Visa Travel картичката се направирезервација на Booking.com преку линкот наведен на веб-страницата на Халкбанк, 60 дена по успешно реализираниот престој,  4% од платениот износ ќе биде рефундиран на трансакциската сметка која е поврзана со картичката.

*пр објава