Халкбанк со бесплатна видео-едукација за користење на нивните е-услуги

Добивај вести на Viber

Не изложувајте се на ризик, завршувајте ги банкарските работи од дома!

Технологијата во финансиските услуги не била никогаш поважна и попотреба како денес. Условите во кои живееме, вонредните случувања, напредокот во фин-технолошките услуги, но и зголемените очекувања од потрошувачите, бараат од банките да ја зголемат својата дигитална присутност и воедно да едуцираат за тоа како истата може да придонесе за поголемо и подобро кирисничко искуство на своите клиенти.

Халкбанк не е исклучок. Водена од својата премиса „Важни се луѓето“, низ повеќе практики и активности покажа дека навистина се грижи за квалитетно и достапно опслужување на своите клиенти, но и дека е во чекор со светските е-трендови, кои дури и повеќе се наметнаа како последица од карантинот. Меѓу останатото, банката спроведе и бесплатна онлајн едукација за користење на сите банкарски услуги по електронски пат, и тоа од удобноста на сечиј дом, преку серија на видео „туторијали“во кои на едноставен начин, чекор по чекор, се даваат насоки за користење на електронското банкарство на Халкбанк.

Видеата се лесно разбирливи и прилагодени за секого, па дури и за оние кои помалку се снаоѓаат во користењето интернет, а сѐ што е потребно е да се инсталира мобилната апликација за е-банкарство на Халкбанк.

Со цел и на нашата публика да ѝ овозможиме полесен пристап до банкарските услуги на Халкбанк, ја претставуваме целата онлајн едукација за користење на електронско банкарство, која се состои од вкупно 5 видеа.

1.Активирање на корисник на електронско банкарство за физички лица преку мобилна апликација

Пред сѐ, доколку не сте корисник на е-банкарството на Халкбанк, а сте клиент на банката, во ова видео ќе научите како да ja активирате мобилната апликација и да креирате кориснички профил, за потоа да можете да ги користите сите услуги на банката по електронски пат.

2.Управување со сметки и картички преку е-банкарство

Доколку имате повеќе од една сметка или картичка во банката, во ова видео ќе се запознаете како од едно место да управувате со нив и како да префрлате средства од една на друга сметка или картичка, и тоа сѐ преку вашиот паметен уред.


3.Брзо и лесно плаќање сметки преку е-банкарство

Земајќи предвид дека плаќањето сметки за режиски трошоци како струја, вода, парно, интернет, но и плаќање преку ПП30 и ПП50 налози, се една од најчестите причини за одење во банка, преку ова видео ќе го научите целиот процес како да ги завршувате овие обврски брзо и лесно, од удобноста на вашиот дом.

4.Подмирување долгови и кредити преку е-банкарство

Подмирувањето на долговите на кредитните картички и долговите за кредит, исто така, може да се реализираат без чекање во редица пред банка односно преку мобилната апликација на Халкбанк, а чекорите како да се направи тоа се објаснети во следното видео:


5.Менувачница и други функционалности

На крајот, доколку сакате да извршите откуп или продажба на средства на вашата девизна или денарска сметка, тоа можете да го направите само со два клика преку вашиот мобилен телефон. Дополнително, во ова видео ќе се запознаете и како да отворите и орочите депозит, како да ја отворите курсната листа, да ја најдете локацијата на најблискиот банкомат или пак да се јавите во Контакт центарот на Халкбанк.