Хана Хуљиќ излезе од породилиште во придружба на мајка си: Што го спречи Грашо да дојде да ја земе
Хана Хуљиќ во четвртокот ја напушти болницата со ќерката Алба во придружба на нејзината мајка Вјекослава Хуљиќ, а еве каде беше нејзиниот сопруг Петар Грашо во тој момент.
Хрватска едвај ја дочека веста за раѓањето на малото девојче Алба, а гордата мајка Хана Хуљиќ во четвртокот со својата ќерка од задната врата го напушти сплитското породилиште за да ги избегне медиумите.
Хана ја напушти болницата во придружба на нејзината мајка Вјекослава Хуљиќ, а многумина се прашуваа зошто Петар Грашо не дошол да ги земе ќерката и сопругата.
Новопечениот татко бил спречен да пристигне во породилиштето, а само неколку часа подоцна Грашо настапи во Дубровник како гостин на вечерата на најдобрите хрватски клапи.
Изгледајќи малку уморен, Грашо ја завршил својата работа и веруваме дека веднаш ќе се врати во Сплит за да помине барем малку време со својата новородена ќерка и неговата сопруга Хана пред да настапи на големиот музички фестивал викендов во Сплит.
Првата фотографија од малата Алба веќе ја сподели и кумот на Грашо, Дино Раѓа, кој ги трогна сите свои следбеници со описот на фотографијата на која Алба го држи за прст.
„Колку емоции, љубов и солзи донесе оваа мала рака во нашите животи“, напиша тој.
Хана требаше да се породи на 23 јули, но девојчето реши да дојде порано, па ги изненади своите родители и остатокот од семејството.
Нејзиниот брат Иван Хуљиќ накратко прокоментира како се чувствуваат неговата сестра и внука за магазинот „In“.
„Ќе ви кажам само дека се одлично“, кратко рекол Иван.
Извор: dnevnik.hr