Хана Хуљиќ покажа како изгледа месец дена пред породувањето но откри и дека сѐ уште не заминала на породилно (ФОТО)

Бремената далматинка се покажа во пресрет на загрепскиот концерт на класична музика на кој ќе настапи и таа, а воедно покажа како ја носи првата бременост и воодушеви со својот изглед.

Сопругата на пејачот Петар Грашо на својот Инстаграм профил објави нова фотографија од бременоста и ги остави сите без здив. Убавата Хана позираше во летен фустан со точки, а нејзиниот труднички стомак дојде до израз.

Точките се очигледно изглед кој оваа млада сплиќанка го обожава бидејќи во тој дезен сме ја виделе многу пати. 

View this post on Instagram

A post shared by Hana Who (@hana.huljic)



„Подготовки за концертот“, напиша таа под објавата под која нејзините обожаватели редат само комплименти.

Хана има уште еден месец до породувањето, а младата убавица не крие дека сѐ уште е вредна и дека ништо не и е тешко.

Ова ќе биде прво дете на неа и нејзиниот сопруг Петар, а неодамна го открија и полот на бебето. Двојката ќе ја пречека девојката ова лето.


Хана Хуљиќ и Петар Грашо за прв пат зборуваат за бебето: Сè уште не купиле сè што е потребно