Хаос во Лувр: Маж маскиран во жена, во инвалидска количка, фрли торта на „Мона Лиза“ (ВИДЕО)

Човек маскиран во жена во инвалидска количка, во неделата во парискиот музеј Лувр се обидел со торта да ја оштети познатата слика Мона Лиза, на Леонардо да Винчи, но тортата што ја фрлил завршила на заштитното стакло.

Според очевидци, мажот носел перика и бил во инвалидска количка кога наеднаш станал и се доближил до сликата, и фрлил торта врз неа, оставајќи ги во чудење посетителите на музејот, објави „Тајм“.


Чуварите побрзале да го исфрлат човекот, а тој мирно си заминал, додека останатите посетители продолжиле да снимаат со телефоните, а снимките завршија на социјалните мрежи, пренесува Танјуг.

Човекот бил активист

Телевизијата „БФМТВ“ објави дека човекот кој фрлил торта на ремек-делото на Да Винчи, бил млад еколошки активист 

Во извештајот се наведува дека инцидентот се случил вчера, пренесува ТАС. Тој успеал да се доближи до сликата бидејќи бил маскиран во жена со попреченост. За луѓето кои користат инвалидски колички, пред сликата има посебен премин, кој е поблиску до стаклото отколку положбата за другите посетители, пренесува Срна.


- Помислете на Земјата. Има луѓе кои ја уништуваат Земјата. Размислете за тоа. Уметници, ви велам. Помислете на Земјата. Затоа го направив ова. Помислете на планетата – вели овој активист во видеото каде седи во инвалидска количка покрај членовите на музејското обезбедување.

Лувр не го коментираше инцидентот, а телевизискиот канал јавува дека вработените во музејот го измиле армираното стакло и дека сликата не е оштетена.

Инаку портретот на Мона Лиза досега бил нападнат неколку пати, ѝ истураа кафе и киселина, ја „малтретираа“: Но како молер ја украде Мона Лиза?

извор:blic