Хари и Меган ги кршат сите правила: Сега шокираа со изборот на песна за прв танц!

Добивај вести на Viber

Принцот Хари (33) и актерката Меган (36) одлучија да ја прекршат претходната „конзервативна" традиција при изборот на песна за првиот танц.

Според семејниот пријател, двојката избрала атипична песна за кралската свадба  „Wanna Dance With Somebody“ од 1987 година, од починатата Витни Хјустон.

Принцот Вилијам (35) и војвотката Кејт Мидлтон (36) танцуваа на песната на Елтон Џон „Your song", и принцот Чарлс (69) и покојната принцеза Дајана со џез-музиката на Лестер Ланин.

На неодамнешната свадба, се очекуваат голем број други песни од 1980-тите, а пејачот Елтон Џон (71) ќе настапи во живо, со што откажа два концерта во Лас Вегас за да пее на кралската свадба.

„Чест ми е да бидам на свадбата и мило ми е што ги гледам среќни", изјави Елтон.