Helen Doron Educational Group прогласена за најдобра франшиза за едукација на деца на глобално ниво (ВИДЕО)
Франшизата Helen Doron Educational Group е прогласена за најдобра франшиза за едукација на деца на глобално ниво од престижниот Global Franchise Magazine, а со тоа се препознава како докажан светски бренд кој што е лидер во детската едукација. Наградата беше доделена во Лас Вегас на Global Franchise Award 2019 година, лично на г-ѓата Хелен Дорон која е основач и креатор на оваа успешна франшиза.
Helen Doron English e глобална франшиза и постои веќе 35 години. Застапена е во повеќе од 40 држави,на 4 континенти во целиот свет, со повеќе од 2 милиона едуцирани деца . Оваа франшиза нуди посебна и уникатна методологија за учење на англиски јазик и стимулација на детскиот интелектуален развој. Успехот на оваа франшиза се должи на совршено развиениот систем на едуцирање на децата преку кој што децата се стекнуваат со знаења и вештини на еден природен и спонтан начин, кој децата го обожуваат и развиваат љубов кон учењето. Важен сегмент за успехот на оваа франшиза е и одличноизградениот концепт на обуки, менторирање и подготовки на учителите кои се вклучени во целиот процес, контролата на квалитетот, унифицираните стандарди за квалитет, како и специјално дизајнираните учебни материјали за учениците и за учителите.
Среќни сме што можеме да го споделиме чувството на среќа дека овој светски познат бренд за едукација постои и во нашата држава веќе шеста година и успешно работи.Франшизата„Хелен Дорон“ во Македонија е застапена во 14 училишни центри, на 14 локации и во 8 градови низ државата. Големиот број на запишани и задоволни ученици, како и двојно поголемиот број на задоволни родители е голем показател за успешноста на оваа франшиза и во нашата држава.„Хелен Дорон“ во Македонија е една од докажаните социјално - одговорни компании, која што секоја година организира најразлични хуманитарни акции, но и кампањи за подигање на јавната свест во општеството на различни теми кои се од голема важност како што се: децата со посебни потреби, заштитата на животните, здравата исхрана, екологијата и потребата од рециклирање, читањето на книги и др.