ХЕЛЕНА РОЗА: Во Македонија ништо не се сменило откако си заминав
Тв водителката Хелена Роза, која веќе три ипол години живее во Нов Зеланд, со 19 годишната ќерка Кјара и со синот Тијан кој има една година. Во градот Окленд, таа е со децата и со сопругот Игор, кој е поранешен фудбалер, а сега работи како електричар. Хелена и ќерката Кјара работат како менаџери за продажба во најголемата светска компанија за наочари „Луксотика“ со седиште во Милано. Со Хелена позбрувавме за нејзиниот нов начин на живот, но и за провокативните фотосесии и сексапилот по кој повеќето ја паметат.
За животот во Нов Зеланд, таа вели дека е многу смирен, а луѓето таму се многу позитивни и насмеани, и не се чуствува речиси никаков стрес.
На прославата на првиот роденден на синот Тијан
„Воздухот е кристално чист, градот и улиците чисти до перфекција, и речиси и да не ти се верува како може некој милионски град да изгледа така чисто и уредно. Како голем гурман, ги сакам разните видови на кујни од сите делови на светот. Луѓето се многу позитивни, насмеани, и ако погледнеш некого подолго од две секунди ти се насмевнува и те поздравува. Ми се допаѓа и тоа што во клубовите нема лица помали од 18 години, а некаде дури и од 21 година и што има дрес код на облекување“, вели Хелена и додава дека од дома и фалат само блиските луѓе и ништо повеќе.
Деновите со Тиан и се многу возбудливи, а најмногу уживаат во заедничките утрински прошетки крај океанот, и ручеците со пријателите, додека Игор и Кјара се на работа.
„ Откако ќе се прошетаме, правам две различни јадења за Игор и за Кјара, бидејќи воошто не конзумираат иста храна.Кога ќе се вратат од работа, вечераме заедно и периодот до 21 часот кога Тиан си легнува ни е најубавиот период. Сите сме околу него, си играме, му пуштаме музика а тој ни возвраќа со насмевки “, ни раскажа Хелена. Грижата за најмалиот член од семејството е заедничка, водителката вели дека има помош од сопругот и од постарата ќерка, но поголемиот дел од денот е сама со него.
На Хелена најмногу и недостасува внукот Маркијан, најстариот син на сестра и, пејачката и претседателка на здружението „Дајте ни крилја“, Ребека Јанковска-Ристески.
„Маркијан најмногу недостасува. Многу бев среќна и возбудена кога го видов лани во Скопје. На моменти посакувам да си го земам со нас во Нов Зеланд. Доротеј и Макариј, иако се гледаме на интернет секојдневно, ми беа многу пораснати.“, вели Хелена за нејзините внуци, близнаците на Ребека.
Со ќерката Кјара По три години колку што не е дома, Хелена со жалење заклучува дека ништо не е сменето. „Секогаш сум имала доста поинакви размислувања од поголемиот број на луѓе кои што живеат овде, затоа и најверојатно си заминав, бидејќи не можев да се пронајдам по толку време во едно општество како нашето. За жал ,ништо не е сменето за овие две години, и поради тоа ми е многу жал, светла точка не гледам. Се е некако заспано. Толку многу зависно од политичките случувања што боли кога гледаш и слушаш“.
Пред да замине од Македонија, Хелена освен како Тв лице беше позната и по провокативните фотосесии. Најгледанана и најкоментирана беше нејзината точка на стриптиз во шоуто „Јас имам талент“ кое во 2009 го изведе во студиото на „Тв Пинк“ во Белград. По тој настап, дел од јавноста почна да ја нарекува старлета, коментар на кој Роза секогаш се лутеше и остро реагираше.
„За жал луѓето не ме нарекуваат старлета туку до сега само двајца новинари, поточно еден. А тоа што ме паметат по мојот сексапил не може да ми пречи, напротив, ми годи. Ако сум сакала да биде поинаку најверојатно не би ги правела тие фотографии. Проблемот е што доколку си атрактивна, по дифолт ти се одзема правото да бидеш и паметна, и некако се друго од твојот труд паѓа во вода. За жал во Македонија атрактивноста и сексапилот се сериозна мана“, раскажа водителката.
Милиџа Џаровска