Хемиски пилинг: Задолжителна регенерација на кожата во зима
Време е да знаеме сè за хемискиот пилинг! Овој третман е вистинското и идеално решение за Вас и Вашата кожа!
Хемискиот пилинг е еден од најефикасните современи естетски третмани кој на природен начин ја обновува и ги решава проблемите со кожата, но исто така и ја подмладува. Заради неговите придобивки, особено во зимскиот период, интересот за хемиски пилинг на лицето расте, а поради тоа ние детално одговараме на сите прашања повразни со овој третман.
Да почнеме од почеток. Многумина од нас се прашуваат дали стандардниот пилинг дома, редовното чистење наутро и навечер и правилниот избор на креми и серуми е доволно за да ја направи кожата здрава и сјајна. Затоа, мора уште на почетокот да се објасни дека дејството на кремот и серумот се одвива само на површината на кожата, и како што на самата површина на кожата се наоѓаат најстарите клетки, кои го сочинуваат таканаречениот „мртов“ слој на кожа, се спречува пенетрација на активните супстанции во подлабоките слоеви на кожата каде настануваат стареењето, хиперпигментацијата, акните, вишокот на себум. Иако содржат активни супстанции, вашите креми и серуми не можат да достигнат до подлабоките слоеви на кожата, каде што се овие супстанции најсуштествени.
Така доаѓаме до хемискиот пилинг, бидејќи со негова примена, го ослободуваме површинскиот слој на кожата со што допринесуваме за регенерација, подобрен квалитет на кожата, како и стимулација на колеген и еластин кои се задолжени за младешкиот изглед. На тој начин, вашата секојдневна „beauty“ рутина веќе нема да биде залудна затоа што по хемискиот пилинг ќе имате подобра апсорпција на кожата и производите за нега во домот ќе имаат подобри перформанси.
Ова е најкратката верзија за да се одговори на прашањето „што е хемиски пилинг и зошто се користи“, па затоа побаравме одговор од ординација „Д-р Анчевски“ да разјасниме до најмали детали сè што е повразно овој третман.
Што претставува хемискиот пилинг?
Хемискиот пилинг претставува медицински третман со кој се подобрува изгледот и текстурата на кожата, се постигнува измазнување на тенките и средно длабоките брчки, се избледуваат хиперпигментациите, се третираат лузни и акни и други оштетувања на кожата предизвикани од сонце. Тој може да биде суперфицијален (површински), средно длабок и длабок пилинг, во зависност од типот на хемиската супстанција која ја користиме, нејзината концентрација, времето на дејствување и секако проблемот за кој го употребуваме.
Како дејствува?
Хемискиот пилинг се изведува со нанесување на хемиска супстанција на кожата која предизвикува контролирано оштетување на површинските слоеви на клетките и нивна ексфолијација односно лупење. Најчесто се употребува на лицето, но може и на вратот, рацете или грбот. Новата регенерирана кожа која се крие под лушпите е помазна, посјајна и со помалку изразени брчки. Значи освен тоа што ги отстранува старите оштетени слоеви на клетки тој стимулира и создавање на нов колаген, ја зголемува количината на хијалуронската киселина и го подобрува квалитетот на еластичните влакна истовремено намалувајќи ги оксидативните оштетувања на кожата.
Изборот на хемиската супстанција која ќе се употреби при хемискиот пилинг зависи од состојбата на лицето и она што сакаме да постигнеме. Најчесто се употребуваат пилинзи со:
⦁Алфа-хидрокси киселини(АXA) како гликолна, млечна, манделична, цитрична и тартарична киселина, кој е најблагиот хемиски пилинг погоден за третман на фини линии, сува рапава кожа, хиперпигментации и акни кај сите типови кожа.
⦁Бета-хидрокси киселини(БXA) како салицилната киселина која подлабоко навлегува во порите од АXA киселините и е погоден за третман на масна кожа и кожа со акни.
⦁Jassner пилинг кој е комбинација од 14% салицилна киселина, млечна киселина и резорцинол во база од етанол и е одличен за рејувенација на кожата.
⦁Пилинг со ретиноична киселина кој е погоден за третман на лузни, брчки и пигментни флеки.
⦁Трихлороцетна киселина која се користи како средно длабок или длабок пилинг во концентрација од 20-50%. Таа е одлична во третманите на лузни, брчки и хиперпигментации.
Каде се применува?
Хемискиот пилинг преку ексфолијација на клетки и стимулација на создавање на колаген и еластин го подобрува изгледот на кожата и нејзината структура. Тој е ефективен при решавање на кожни проблеми како што се:
⦁хиперпигментации,
⦁лузни,
⦁акни,
⦁ тенки и средно длабоки брчки,
⦁ оштетувања на кожата предизвикани од сонце.
Третманот трае 30-45 минути и треба да го изведува обучен специјалист дерматолог. Пациентот за време на ретманот чувствува жарење и топлина која за кратко време поминува. Регенерацијата на кожата трае од 2-3 дена кај суперфицијалниот до 5-7 дена кај средно длабокиот пилинг.После третманот се препорачува користење на високо хидрирачки регенеративни креми и креми со заштитен фактор СПФ>30 поради зголемената чувствителност на новонастанатата кожа. Затоа најдобар период од годината за примена на овој медицински третман е периодот касна есен-зима-рана пролет кога и сончевото зрачење не е многу големо.
*Пр објава