Хероината од Македонија доби уште една ќерка: Јасмина, првата жена со цистична фиброза која стана мајка

Ниту болеста не ја спречи да се остави во најубавата улога на светот...

Јасмина Пелтековска од Гевгелија е првата жена од Македонија која боледува од цистична фиброза, а станала мајка.

И покрај големиот ризик кој го носи оваа болест, ова жена хероина за само 15 месеци роди две ќерки.

Првата ќерка Валерија ја доби преку ин витро, а Бојана, како што вели, дошла неочекувано, како дар од Бога, а бидејќи се родила на  Богојавление, решила да ја крсти Бојана. Со сопругот Блажо се седум години во брак, и тој со неа секој ден ја поминува тежината која ја носи оваа болест.

Јасмина вели дека додека ги поминувала голготите со нејзината болест додека била бремена, не мислела на ништо, само ѝ било страв да не му наштети на бебето. Вели дека била свесна дека на бремените жени им препорачуваат што помалку лекарства, но таа пиела премногу антибиотици.


Целата приказна прочитајте ја на ММС.МК