Hi-Fi слушалките Huawei FreeBuds Studio се сега достапни и на македонскиот пазар

Добивај вести на Viber

Hi-Fi слушалките, FreeBudsStudio, дел од новата премиум аудио колекција на Huawei, веќе се достапни на македонскиот пазар, во продажната мрежа на Сетек, по цена од 15,999 денари. Најавени пред еден месец на глобалната премиера на Mate 40 серијата, заедно со паметните очила Huawei x Gentle Monster EyewearII, тие обезбедуваат аудио со висока фреквенција до 48 kHz и висока резолуција, интелигентно динамично намалување на активната бучава (ANC), три режими, специјални режими Voice  и Awareness, долг век на траење на батеријата, двојна врска што поддржува истовремено спарување со два уреди, и последно, но не и најмалку важно - минималистички дизајн со поголеми чаши и флексибилно рамо, обезбедувајќи удобност при продолжена употреба на корисникот.

Инспирација од грамофони

Естетскиот дизајн на over-ear моделот е инспириран од грамофонот - чист систем заснован на тркалезна плоча и метално рамо, што носи неповторливо задоволство на слушање музика. Рамото од не’рѓосувачки челик од 7 мм и основните геометриски форми на Free Buds Studio носат визуелно задоволство на љубителите на музиката. Но, многу повеќе од тоа е вложено во дизајнот на моделот, имено ергономијата, што инспирира претопување на структурата на лицето, без никакви физички тегоби од носење. Чашите се зголемени на 65mm x 42mm за удобно да се вклопат во различни анатомии на уши, а нивната подлога од еко кожа има две важни функции - да дава меко и пријатно чувство и да придонесува за подобра изолација на звукот. Рамото или рамката околу глава овозможува продолжување до 4см и виткање до 150 степени, што ја прилагодува положбата на слушалките според сопственикот.


Дизајнот и материјалите се адаптирани за да се реализира целосен систем за намалување и практично елиминирање на напонот дури и при подолго носење, како и долг век на траење на батеријата - до 24 часа со ANC (Active Noise Cancelation) и 20 часа со активно намалување на бучавата и несомнено ви помага да ја почувствувате оваа предност.Што се однесува до батеријата - таа не само што дозволува целодневна употреба, туку исто така се полни неверојатно брзо, за само 10 минути ќе добиете уште 5 часа со вклучено и 8 часа со исклучено намалување на бучавата. Друг интересен факт е дека кога се користи со паметен телефон со EMUI 11, како што е Mate 40 Pro, времето за репродукција на звук без намалување на бучавата може да достигне до 32 часа, со ANC - до 22, а брзото 10-минутно полнење обезбедува 10 и 6 часа со вклучен / исклучен ANC. EMUI 11 наскоро ќе биде достапен и за Huawei P40 Pro и Huawei P40 Pro+.

Звук за звучници

За да се препуштите на звукот, мора да бидете во можност да го слушнете сето негово богатство. Богатиот звук е исто така поврзан со можноста за репродукција на широк опсег на фреквенции - нешто во кое слушалките се разликуваат. HUAWEI FreeBuds Studio поддржуваат ултра-широк опсег од 4 Hz до 48 kHz за да ги слушнете сите музички детали. Безжичниот аудио-кодек L2HC, развиен од Huawei, постигнува пренос до 960 kbps (со EMUI 11). Четирислојната полимерна мембрана од 40мм, одговорна за репродукција на звук, е лесна и стабилна, за да не се дозволи изобличување на звукот, особено кај високо-квалитетни и високи тонови. Таа е многу чувствителна и може да пренесува широк опсег на фреквенции со студиски квалитет за кој било вид музика.

Слушателот како дел од светот - според ситуацијата

Едно од технолошките достигнувања што HUAWEI го има со моделот FreeBuds Studio е интелигентното динамично намалување на бучавата. Голем број технологии се комбинираат во постигнувањето на иновативната двослојна структура на звучна изолација "TAT" и активно намалување на бучава (ANC) со ефикасност до 40 dB. Со вграден сензор за животна средина и софистициран систем со 6 микрофони, слушалките се во можност правилно да ја проценат околината на корисникот и да понудат три различни режими за намалување на бучавата, Ultra, Generalи Cosy, кои се менуваат автоматски и практично незабележливо.

Покрај тоа, HUAWEI FreeBuds Studio поддржуваат режим на свесност (Awareness),кога сакате да бидете целосно свесни за звуците од опкружувањето, како и режимот за глас (Voice), во кој гласовните повици се појасни и чисти, во двете насоки.

Стабилна поврзаност за два уреди истовремено

HUAWEI FreeBuds Studio овозможуваат истовремено поврзување со два уреди базирани на Android, iOS или Windows, без потреба од прекинување или ново поврзување, што е неоспорна погодност. Но, не само тоа - самата врска е исклучително стабилна, бидејќи HUAWEI FreeBuds Studio се првите безжични over-ear слушалки со двојна антена, кои нудат покриеност на сигналот од 360° преку Bluetooth. Дури и на места со силна интерференција, нема да имате проблем со музиката што ја слушате или со разговорот кој го водите.

Цена и достапност

Новите Huawei FreeBuds Studio се веќе достапни на македонскиот пазар, во продажната мрежа на Сетек, по цена од 15,999 денари.

Останатите производи од премиум аудио колекцијата се in-earслушалките со интелигентно активно намалување на бучавата - FreeBuds Pro, паметните аудио очила за сонце - Huawei x Gentle Monster Eyewear II и звучникот развиен во партнерство со Devialet - Huawei Sound X. За да ја искусите целосната интелигентна функционалност на аудио-производите на Huawei, препорачливо е да ги поврзете преку апликацијата AI Life, која може да се преземе од Huawei AppGallery или од соодветната продавница за апликации според платформата на уредот или директно од QR-кодот на пакувањето.


ПР објава