Хилари Свонк по една година откако роди близнаци ги откри нивните имиња: Фановите збунети за името на синот

Добивај вести на Viber

Американската актерка доби близнаци со сопругот Филип Шнајдер, со кој се омажи во 2018 година.

Оскаровката Хилари Свонк минатата година на 49 години роди близнаци, а сега ги откри нивните имиња и ги разнежни своите фанови со симпатична фотографија.

Актерката ги сликала десетмесечните близнаци како седат на плажа, а во песокот зад нив напишала: 'Аја и Ом'.

- Имам напорна недела полна со ток-шоуа во кои ќе зборувам за мојот нов филм, но сфатив дека е подобар ден со сите вас прво да ги споделам имињата на моите две мали љубови! Ви благодариме што сте тука! Среќен ден на вљубените. Патем, кој друг има бебиња кои мислат дека песокот се јаде? – напиша таа под фотографијата.

Обожавателите и рекоа дека близнаците се преслатки, но некои беа збунети од името што му го дала на нејзиниот син.

- Ох навистина? Во Германија тоа е презиме... – напишал еден следбеник.

Да потсетиме, минатиот април актерката роди близнаци со сопругот Филип Шнајдер, со кој се омажи во 2018 година во Калифорнија. Тие бракот го чуваат во строга приватност, а неодамна присуствуваа и на доделувањето на наградите „Златен глобус“. Хилари претходно беше во брак со актерот Чад Лоу (55) од 1997 до 2007 година.

Фото: Инстаграм
Извор: 24sata.hr