Хит рецепт за колач од три состојки: Нема поевтин деликатес, а се прави за 5 минути

Добивај вести на Viber

Фото: PRITNSCREEN/YOUTUBE/GÜLSÜMÜN SARAYI TV

Секоја жена треба да знае брзо и лесно да подготви вкусен десерт

Овој колач е толку еднотавен и лесен за подготовка што и понеискусните домаќинки ќе го направат уште од прв пат. Можете да го направите со различни сокови и на тој начин да добиете колачи со други бои.

Состојки:

100 гр шеќер

1 литар сок или 5 чаши (може да биде сок од портокал или цреша)

120 гр нишесте (1 чаша)

кокос за украс (по избор)

Подготовка

Ставете ја тавата на шпорет, истурете 5 чаши сок и полека загрејте. Потоа додадете го нишестето и мешајте додека не се раствори. Додадете шеќер и загрејте додека не добиете густа маса слична на пудинг. Потоа смесата ставете ја во чаши со посакуваниот облик, кои претходно сте ги навлажниле со вода. Оставете малку да се излади и стегнете. Кога ќе го извадите колачот од калапот, валкајте го во кокос и послужете.



*ПР објава