Хит сцена во автомобилот на Тамара и Петар: Магариња им протнаа глави низ прозорецот, а актерката им зборува на англиски јазик

Добивај вести на Viber

Жешките јулски денови Тамара реши да ги помине со сопругот Петар и децата на југот на Италија, каде се наоѓа „Зоосафари“

Популарната актерка Тамара Драгичевиќ на својот телефон сними сосема интересна сцена, кога во нивниот автомобил „влегoa“ магариња.


Додека Тамара, сопругот Петер Бенчинa и децата уживаа во споменатиот „рај за животните“, во еден момент на сите четири прозорци четири магариња ги пикнаа главите внатре во автомобилот, а дека малечките цело време се забавуваа покажува и нивното постојано смеење на видеото.

- Хелоу магариња - им се обрати актерката на англиски јазик на животните.

Покрај магарињата, тие видоа и жирафи, зебри, тигри, мајмуни и многу други животни кои им го исполнија денот.


Во прилог уште неколку фотографии од семејството кое е на одмор во преубавата Италија:







Извор: telegraf.rs