H&M ги отвори вратите на својата втора продавница во Скопје, во новоотворениот Diamond Mall

Добивај вести на Viber

Во Петок,20-ти октомври, шведската модна компанија H&M го прослави отворањето на втората продавница во Скопје, во новоотворениот Diamond Mall. Во 12:00 часотГоран Валиќ - регионален контролор за продажба, Агелики Агриогијани - регионален менаџер за човечки ресурси, Јован Збилјиќ – регионален менаџери Стефан Стефановски, менаџер на новоотворената продавница, свечено ја пресекоа црвената лентаи ги поздравија среќните први клиенти во новата продавница од 1.800 м2.

Продавницата ги отвори своите врати по динамичниот настап на Лара и Пајак, додека Дј Еми Ермилова и Димиш ја одржаа енергијата на високо ниво со специјален Дј сет.Првите 100 клиенти добија H&M картички за подарок во вредност од 650мкд. Од 20-ти до 22-ри октомври клиентите имаат можност да добијат -15% попуст на целокупниот асортиман, како и ваучер со  -20% попуст на еден производ по нивен избор, кој може да се искористи во сите продавници на H&M во Скопје помеѓу 6-ти и 10-ти ноември.

„Многу сме возбудени што ја отворивме нашата втора продавница во Скопје, во Daimond Mall! Нашата цел е да бидеме таму каде што се нашите клиенти, нудејќи им уникатно искуство во купувањето, преку нашата мода и прекрасните луѓе од нашиот тим. Во новата продавница ќе бидат претставени најновите трендови, безвременските класици и ќе биде инспирација за секој да го истражи свој стил,и да прави поодржливи модни избори.", вели Томас Естрани, менаџер за продажба во H&M.

H&M влезе на пазарот во август 2022 година со отворањето на првата продавница во East Gate Mall. Новата продавница на H&M во Diamond Mall ќе нуди широк асортиманна актуелна мода и најнови сезонски трендови за целото семејство, повикувајќи ги клиентите да истражат и креираат свој личен стил со достапни и висококвалитетни модни делови за секојдневната облека.

Новата продавница на H&M нуди модерно и пријатно искуство за клиентите, преку широк асортиман на облека за жени, мажи, тинејџери, деца и бебиња, како и разни аксесоари. Работното време на продавницата ќе биде од 10 часот наутро до 22 часот,  додека во недела и празници продавницата ќе работи до 20 часот.

За повеќе информации обратете се на:communications.mk@hm.com



Пр објава