H&M предлози: како да изгледате стилски на одмор?
Патувањето носи нови искуства и е само по себе фасцинантно и интересно. Но, постојат места каде блогерите од целиот свет заминуваат, не само за одмор, туку бараат идеални локации каде што ќе фотографираат фотки од соништата.
Денес сме инспирирани од Маракеш, поранешен главен град на Мароко. Ако сте ја гледале ТВ серијата „Клон", веројатно се сеќавате на овој убав и мистериозен град, со прекрасни чаршии и тесни улички, кои се полни со мириси на зачини.
Убавината на Маракеш е скриена во зградите, пред недостапните куќи, како и во палатата на султанот. Важно е да се напомене дека не може да ја фотографирате секоја зграда што ја гледате и која ви се допаѓа, бидејќи се наплаќа и мора да прашате дали смеете да направите фотографија.
За фотографиии во бајката Маракеш, но и за било какво летување ќе ви треба соодветна облека.
Имаме неколку предлози за вас. Вие не мора да потрошите цело богатство, бидејќи брендот H&M има одлични парчиња за вакво патување.
1. туника
2. розово фустанче
3. фустанче во црвена боја
4. бело фустанче