ХОРОСКОП МАХАБОТЕ: 8 свети БУРМАНСКИ знаци- тајната на секој од нас
Секој од осумте знаци на бурманска астрологија е поврзан со животно, а за да откриете кој сте, треба да откриете кој ден во неделата бил кога сте родени?
Бурманската астрологија е позната како Махабот. Таа е заснована на бројот осум, кој има силна симболика за луѓето од Мјанмар (Бурма) и се се врти околу овој број - осум планетарни енергии, осум страни на светот и осум хороскопски знаци.
Бидејќи има седум дена во неделата, свештениците ја делат среда на два дела, секој со по 12 часа- од полноќ до 12 и од 12 до полноќ. Откако дознавте кој ден сте родени, погледнете какво животно сте и што открива за вас:
Понеделник - Тигар
Со ова животно управува Месечината, а нејзината насока е источна. Вие сте многу претпазливи, интелигентни и исклучително интуитивни индивидуи кои добро ги забележуваат деталите. Вие сте обдарени со трпеливост и сила и не можете да издржите луѓе кои се обидуваат да ги искористат предностите од вас, ниту пак оние што губат време залудно. Кога сте поставиле цел за себе, многу сте фокусирани на тоа како да ја постигнете. Вие сте одговорни и не сакате да ги кршите законите.
Вторник - Лав
Со лавот управува Месечината, а насоката на владеење е југо- источна. Вие сте роден водач, благородна, достоинствена и чесна личност. Многу горди. Доблеста е исклучително силна волја и често пати сте во право. Вие ги сакате предизвиците, едвај чекате да се фатите во коштрец.
Средаод 00:00 до 12 часот - Слон со рогови
Со ова животно управува Меркур и неговиот правец е југ. Може да се каже дека сте среќни и ентузијасти. Сакате ризик, вие само уживате во предизвиците, тие ве исполнуваат. По природа сте многу страсни и често пати се во центарот на вниманието. Имате тенденција да контролирате сè што правите и сте исклучително независни.
Среда од 12 до 24 часот - Слон
Со слонот кој нема рогови управува планетата Раху и нејзината насока е северо- западна. Вие сте инхерентно контрадикторни и тешко е да разберете што се случува во вашиот ум. Многу сте таинствени и не ви се допаѓа кога другите луѓе се мешаат во вашиот живот. Луѓето родени во знакот на ова животно се успешни како претприемачи, одлични во презентирањето на своите таленти и се склони да прават сè на свој начин.
Четврток - Стаорец
Со стаорците управува Јупитер, а владејачката насока е запад. Да се родите во лик на стаорец открива дека сте многу хумористични, брзи и интелигентни. Многу снаодливи личности и попустливи ако знаете дека ќе имате корист од нешто. Вие сте природен интроверт. Кога одлучите нешто тоа и го правите, никој не може да ве спречи. Вие сте амбициозни и знаете како е да се биде подобар од другите.
Петок - Морско прасе
Владејачката планета на ова животно е Венера, а насоката на владеењето е север. Вие сте уметничка душа полна со имагинација. Иновативни и имате фантастични идеи. Луѓето ве сакаат затоа што сте убави, љубезни и оставате и издишувате љубов. Многу чувствителни на емоциите на другите луѓе ама сте одличен пријател. Понекогаш многу се двоумите, односно не знаете точно што сакате во животот.
Сабота - Змеј
Со ова животно управува Сатурн и неговата владејачка насока е југо- запад. Може да се заклучи дека имате филозофски ум. За многу луѓе сте привлечни затоа што сте сигурни, имате одлично чувство за хумор и ширете позитивна енергија околу вас. Вие сте полни со разбирање за другите луѓе и ситуациите во кои се наоѓаат. Сакате да работите во изолација - верувате дека ова е најдобриот начин да ги извршувате вашите задачи.и тоа навистина е случај.
Недела - Гаруда
Гаруда е митска птица, божество, која се наоѓа во културното наследство на луѓето од Индија и Бурма. Оваа птица е управувана од сонцето, а нејзината насока е северо-источна. Вие сте по природа многу љубезни и дарежливи. Сакате квалитетни предизвици, и колку се потешки, толку повеќе сте мотивирани да ги постигнете. Вие сте енергични и немате навика да дозволите падови и тековните неуспеси да ве обесхрабрат. Добри ментори сте и знаете како да бидете инспирација за другите.