ХОРОСКОП: Ова се комбинации на знаци кои совршено си одговараат

Добивај вести на Viber

1. Близнаци и Водолија

Страствени се и таа страст е нешто на што секогаш можат да се потпрат кога работите ќе тргнат надолу. Близнаците живеат спонтано, додека Водолиите се многу крути и организирани. Поради тоа се дополнуваат многу добро.

2. Терезија и Рак

Кога станува збор за Терезија и Рак, тие се пар од рајот. Тие се олицетворение на тој термин. На Терезиите им треба наклоност и потврда од другите луѓе, а Ракот е многу грижливо битие. И двајцата се многу емотивни и комуникативни и постојано разговараат за тоа како врската да им биде уште подобра.

3. Терезија и Скорпија

Помеѓу нив постои таква синергија која тешко може да се најде во други врски. Скорпиите се многу опсесивни и страствени, додек Терезиите сакаат да се нечија опсесија и да бидат сакани. Затоа овој пар многу добро функционира. Потребно им е малку време да развијат чувства еден за друг, но кога искрата ќе се запали, ништо нема да го спречи тој пламен да станува се’ појак и појак.

4. Девица и Бик

Тие многу добро се поврзуваат во многу аспекти на животот. Добри деловни партнери се. Тие се компатибилни љубовници и најдобри пријатели. Биковите се амбицозни и свртени кон остварување на своите цели, додека Девиците се порамномерни и едноставни. Одлично се согласуваат и практично се незапирливи.

5. Стрелец и Овен

Нема поголеми авнатуристи од нив. Тие се љубопитни и имаат природна глад за возбудувања. Секогаш се препуштат на својата внатрешна љубопитност за животот и светот. Не се плашат да исчекорат од својата зона на комфор. Многу се паметни и страствени. Иако тоа понекогаш може да биде извор на судир, тие умеат добро да се изборат со нив.

6. Рак и Риби

На ова врска никогаш нема да и недостасува сочувствителност, чувствителност и емотивна интелигенција. Тие секогаш пронаоѓаат начин да ги решат своите емотивни проблеми. Не се плашат да водат долги и длабоки разговори. Иако можеби изгледаат кротко и со едноставен ум, имаат јако срце. Секогаш се во склад со своите чувства и знаат како да се однесуваат еден кон друг.