Хороскоп за жени: Од овој маж треба да бегате, а него чувајте го за цел живот
Жена Лав
Вие и љубовта: Како Лав сакате да бидете главни на полето на љубовта. Момците малку се плашат од вашата самодоверба и независност додека не ве запознаат. Длабоко во себе си дива мачка која сепак сака да има само еден маж до крајот на животот. Посветени сте и го очекувате истото за возврат.
Проблеми во љубовта: Вашата гордост понекогаш ви пречи во љубовта бидејќи тешко ги признавате грешките.
Сродна душа: Близнаците и Стрелецот ви гарантираат возбудлива врска, но покрај Ракот ќе се чувствувате најсигурно и најсакано.
Не е за вас: Држете се настрана од Девиците кои се страшни критичари и се плашат од вашата самодоверба.
Жена Девица
Вие и љубовта: Љубовта за вас е приватна работа и не сакате да зборувате за тоа. Вашиот стил во љубовта е да преиспитувате сè наместо да го направите првиот потег. Мора да ви пријде и да ве освои за да се отворите и да го импресионирате.
Проблеми во љубовта: Склони сте да заминете брзо, по само еден разговор. Сепак би останале пријатели со бившите, но доколку не размислуваат зрело како вас, лесно одат во заборав.
Сродна душа: Чувствителноста на Јарецот ви одговара.
Не за вас: Ве одбиваат луѓе кои се мајстори за драма. На пример - Лавови.
Жена Вага
Вие и љубовта: Вашите магични моќи ви дозволуваат да бидете со кој било маж што го сакате и да го натерате да се заљуби во вас за неколку секунди. Но, тоа не значи дека не сте пребирливи, напротив. Дечкото мора да изгледа добро и да знае добро да се облекува.
Проблеми во љубовта: Понекогаш сте премногу заљубени во самата љубов, без да ја сакате личноста до вас. Ова е резултат на тоа што сте роден идеалист и го гледате само она што сакате да го видите.
Сродна душа: Ракот ќе ве обожава како никој друг маж.
Не е за вас: Спротивставете им се на Овен или на Водолија затоа што тие не се толку романтични како вие.
Жена Шкорпија
Вие и љубовта: Не плашете се да се борите за љубовта. Штом погледнете некого, инстинктивно знаете што да направите за да го придобиете. Сакате кога конците се во ваши раце. Емоциите ги чувате за себе додека не бидете сигурни дека можете да му верувате. После тоа, нема поинтензивна љубов од вашата.
Проблеми во љубовта: Многу сте љубоморни. Ако се препуштите на тоа чувство, се претворате во „чудовиште“, па обидете се да го држите заклучено некаде што подалеку од партнерот.
Сродна душа: Слободно подарете им се на Рибите и Раковите.
Не за вас: Ви треба многу повеќе внимание отколку што може да понуди еден Стрелец.