Хороскопот го крие одговорот: Колку големи и вистински љубови го очекуваат секој знак?
Колку вистински љубови те очекуваат во текот на животот според хороскопскиот знак? Кој хороскопски знак убедливо води, а кој нема да се заљуби ниту еднаш?
Овен - еднаш
Кога овој знак е во врска, целосно се посветува. За Овните љубовта и заљубеноста е голема работа и се што сакаат е да ја најдат таа една личност со која ќе го поминат целиот живот. Не се заљубуваат лесно и во ништо не брзаат, но затоа кога ќе се заљубат - тогаш тоа е она вистинското. Овој романтичен знак можеби сонува за сите слатки ситуации во кои ќе се најде кога ќе се заљуби, но тоа не значи дека своето срце ќе му го предаде на било кој.
Бик - два пати
Без претерување, овој знак толку често се заљубува што е претешко и да се следи - но, тоа не се вистински заљубувања. Биковите ја знаат разликата помеѓу минливото допаѓање и длабоката заљубеност, а додека секој ден по малку им се допаѓа различна личност, тие само два пати во животот ќе почувствуваат вистинска заљубеност. Еднаш тоа ќе се случи во тинејџерските години, но тоа нема да биде она вистинското и ќе завршат со скршено срце. Но, нема место за очај, бидејќи во животот ги очекува уште една вистинска љубов.
Близнаци - четири пати
Кога се зборува за љубовта, Близнаците се како мало дете во слаткарница. Стануваат толку возбудени и сакаат сѐ. Имаат големо срце и сакаат да сакаат некој, но некогаш во тоа одат малку предалеку и брзо им спласнува возбудата. Овој знак во текот на животот вистински ќе за заљуби дури 4 пати. Кога го кажуваат она „засекогаш“, најчесто мислат додека не им здодее.
Рак - два пати
Овој знак сака што побрзо да ја запознее љубовта на својот живот и затоа некогаш малку е напорен. Става премногу притисок и големи очекувања за новите врски. Па така често самиот себе се уверува дека е заљубен и дека тоа е тоа, но набрзо сфаќа дека сепак не е и дека треба да продолжи со потрагата за својата голема љубов. Во текот на животот лудо ќе биде заљубен само два пати.