Hotel Mirror во април ќе ги отвори своите врати

Развојот на индустриските зони, зголемената посета на туристите, бројот на летови како и меѓународниот транзит кон северниот и јужниот сосед  ја наметна идејата да се изгради хотел кој ќе ги задоволи потребите како за меѓународни, така и за домашни гости.

Hotel Mirror **** се наоѓа на најважната локација на влезот во градот Скопје и ги поврзува двата автопати и главниот пат кој води кон Меѓународниот Aеродром Скопје. Оддалечен е само 700 метри од Аеродромот и 15 минути од центарот на градот.


Изграден е по меѓународни светски стандарди, следејќи ги квалитетите и услугите  на хотелите во Европа. Со неговиот модерен и урбан дизајн, секоја од собите има посебни карактеристики, нудејќи современа приказна. На располагање има 15 соби и  два луксузни апартмани. Секоја соба располага  со модерна работна маса, простор за релаксација, простор за седење, големи кревети и луксузни бањи.  Во внатрешноста на дворот со зелена површина се наоѓа модерен бар, егзотична фонтана и отворен базен.

Hotel Mirror во рамки на своите услуги нуди бесплатен превоз од и до Аеродромот со луксузен минибус со капацитет од 19 седишта. Хотелот е опремен со супер брз бесплатен WI-FI интернет. Во рамките на хотелот се наоѓа модерен и екстравагантен ресторан, погоден за одржување на мини конференции, деловни средби и состаноци. Доколку сакате мир и релаксација која ја нуди локацијата, хотелот обезбедува висококвалитетни едуцирани физиотерапевти кои нудат специјални релакс масажи и третмани.


 Во околината на хотелот се наоѓаат места кои вреди да се посетат. На само 8 километри се наоѓа минерална бања "Катланово" која располага со лековити води. Еден од најдобрите клубови за јавање „Анимал" е оддалечен само 4 километри од хотелот. Исто така, во непосредна близина се наоѓаат традиционални ресторани, тениски терени, спортска сала, новоизградена италијанска болница и многу други места.

Од Hotel Mirror велат дека во април ќе ги отворат вратите за престој на гостите, каде љубезниот персонал ќе понуди професионална услуга и топло добредојде, а луксузното и комфорно окружување ќе го претворат престојот во незаборавно искуство.


„Ќе бидете добредојдени во нашиот хотел, каде што многу огледала создаваат една незаборавна приказна за Вас. Гледајте кон едно од нив и тоа ќе Ви го каже она што сакате да го слушнете.“