Храна која не смеете да ја јадете по поминат рок

Добивај вести на Viber

Мислите дека рокот на траење на амбалажата е маркетиншки трик за да купувате повеќе? Многу се лажете.

Јајца

Јајцата во фрижидер може да стојат од 3 до 5 недели. Значи, имате доволно време да ги потрошите.

Меко сирење

Тврдото сирење има подолг рок на траење, бидејќи е многу потешко да добиебактерии. Тоа значи дека тврдото сирење во фрижидер може да стои и до шест месеци.

Меѓутоа, мекото сирење веднаш може да го фрлите по поминување на рокот на трање, а тоа е околу седум дена од отварањето.

Купени преливи

Можеби ви се чини дека купените преливи како што се сос или некој прелив, може да трае бесконечно, само поради тоа што е во стаклена тегла, но не сте во право – и овие производи се изложени на бактерии.

Салати со преливи

Сите салати за кои користите сенф, мајонез, кечап и слични преливи, јадете ги веднаш по подготвувањето, најдоцна 24часа.

Свежи сокови

Свежо цедените сокови се многу модерни, но и опасни ако не ги јадете веднаш – најмногу за 2 или 3 дена.

Свежо месо

Ако месото не сте го употребиле за 48 часа, ставете го во замрзнувач, во спротивно ризикувате да има опасни бактерии.

Риба

Рибата како и секое друго месо е изложена на бактерии, затоа треба да ја јадете за ден или два по купувањето.

Школки

Како и останатите видови на морски плодови,  свежите школки имаат многу краток рок на траење – ден или два и тоа само во фрижидер.