ХРИСТИНА: Откријте го значењето на името и какви се луѓето кои го носат

Денеска се празнува Светата маченичка Христина.

Станува збор за латинско име кое се врзува со грчкиот збор христијанство, и означува христијанин ( Исус Христос). Оттука потекнува името Христина, или Кристина. 

Овој збор означува „некој кој е помилуван“.

Името Христина има многу женски и машки варијации, и е едно од најпопуларните имиња во светот.

Личностите кои го носат ова име често се опишуваат како многу добродушни и секогаш подготвени да сослушаат и да ги утешат другите луѓе. Кога ќе се спријателите со некоја Кристина, бидете сигурни дека сте нашле пријателка за цел живот.