Huawei ги претстави FreeBuds Studio со интелигентно и динамично намалување на бучава и Hi-Fi квалитет

Добивај вести на Viber

Како дел од глобалната премиера на серијата Mate 40, Huawei Consumer Business Group (BG) ги објави првите безжични over-ear слушалки на компанијата - HUAWEI FreeBuds Studio. Слушалките овозможуваат искуство на HiFi ниво со аудио до 48kHz со висока резолуција, кое ги пренесува најбогатите детали на звукот. Интелигентното и динамично, активно намалување на бучавата (ANC) е број еден во индустријата и работи во три режими, меѓу кои може да се менува во зависност од бучавата во околината. Со поврзување што поддржува два уреди истовремено, корисниците можат да се збогуваат од сложениот процес на поврзување и да се препуштат на звукот на HUAWEI FreeBuds Studio за музика, игри, филмови, конференциски или телефонски повици.

HUAWEI FreeBuds Studio имаат стилски дизајн инспириран од геометриски и едноставни форми, како и лесна употреба. Овие не се само слушалки, туку паметен асистент за подобар, дигитален аудио свет.

Естетика на геометриски фигури

HUAWEI FreeBuds Studio комбинираат уметност со технологија за да испорача прекрасно дизајнирани и удобни слушалки погодни за различни стилови. Наместо комплексни форми, тие се дизајнирани со чисти линии и кругови, со метален мат финиш.Цилиндрична рамка од не'рѓосувачки челик ги поврзува лентата која оди преку глава и слушалките.

Подобрувајќи го искуството на носење, HUAWEI FreeBuds Studio нуди поголеми кругови со димензии 65х42mm за да се обезбеди удобно вклопување на ушите. Подлогата од еко кожа не само што е мека и пријатна, туку придонесува и за подобра изолација на звукот. Горната лента може да се продолжи до 150 степени за да одговара на различни форми и големини на главата.

Ново искуство на слушање во висока резолуција

Благодарение на професионалните акустични компоненти, HUAWEI FreeBuds Pro поддржува ултра-широк опсег на фреквенции од 4Hz - 48kHz, за да обезбедат одличен звук со богати детали.

Huawei FreeBuds Studio имаат специјално дизајнирана мембрана за драјверот. Четирислојната полимерна мембрана од 40mm овозможува широк одзив на фреквенција и поголема чувствителност, додека безжичниот аудио-кодек L2HC на Huawei постигнува аудио пренос до 960kbps. На овој начин, HUAWEI FreeBuds Studio ги репродуцира оригиналните висококвалитетни звуци со одлични детали.

Интелигентно, динамично намалување на бучавата за целосно ново искуство со ANC

HUAWEI FreeBuds Studio имаат иновативна двослојна структура на звучна изолација "TAT" и интелигентно, динамично намалување на бучавата (active noise cancelation – ANC), со ефикасност до 40 dB. Со вградениот сензор за околина IMU и микрофон, слушалките точно можат да ја проценат средината каде се наоѓа корисникот и да понудат три режими на намалување на бучавата.


Покрај тоа, HUAWEI FreeBuds Studio поддржува режим на свесност и режим на глас, овозможувајќи им на корисниците да бидат свесни за нивната околина или да водат јасни разговори без да ги отстрануваат слушалките. Дополнително, комплетно новиот систем за намалување на шум од шест микрофони може да прима насочен звук, преку ефикасно фокусирање на гласовите и намалување на бучавата во позадина.

Аудио врска во сите сценарија

Во ерата на паметно поврзување, логично е корисниците да очекуваат нивниот аудио уред да се поврзе со два различни извори на аудио. HUAWEI FreeBuds Studio имаат четири-канална врска, двоен режим и двојна врска, што овозможува истовремено поврзување со два уреди. Не само што поддржува поврзување на уредите за сите сценарија на Huawei, туку исто така и останати уреди базирани на Android, iOS и Windows за да овозможат непречено поврзување во вашиот дигитален екосистем.

HUAWEI FreeBuds Studio се првите безжични over-ear слушалки со двојна антена што нудат 360° покриеност на Bluetooth сигналот за постабилна врска. Дури и на места со силна интерференција, како што се аеродромите, двојната антена може интелигентно да идентификува и автоматски да се префрли на антена со посилен сигнал, со што се обезбедува подобра врска и стабилност за спокојни телефонски повици.

Кога HUAWEI FreeBuds Studio се целосно наполнети, може да слушате музика со вклучено намалување на бучава до 20 часа, и до 24 часа ако ANC е исклучено. Со само 10-минутно брзо полнење, HUAWEI FreeBuds Studio можат да понудат пет часа активност со вклучен ANC или осум часа доколку ANC е исклучен.

Проширувањето на портфолиото на аудио производи од висока класа на глобалните и локалните пазари е уште еден чекор кон сè побогатото искуство на Seamless AI Life, кон кое Huawei се насочува со својата 1+8+N стратегија.

ПР објава