Huawei го воведува новиот ARM процесор со ултра-високи перформанси со што ја доведува глобалната компјутерска моќ на повисоко ниво
Huawei го објави највисокиот процесор во индустријата базиран на архитектурата на Advanced RISC Machine (ARM). Новиот Kunpeng 920 процесор е дизајниран да ја забрза обработката на големи збирки податоци и да врши дистрибуирано складирање и ARMспецифични сценарија. Huawei се приклучува на големите играчи во индустријата на ARM и се вклучи во градењето отворен, кооперативен, заеднички еко-систем кој го доведува светот на денешните компјутери на сосема ново ниво.
„Huawei континуирано инвестира во развој во областа на компјутерите, создавајќи вредност за своите клиенти. Huawei одамна е партнер со Intel, а двете компании заедно во голема мера придонесоа за развој на информатичките и комуникациските технологии. Ќе продолжиме со долгорочното стратешко партнерство и ќе продолжиме да создаваме иновации заедно. Во меѓувреме, индустријата на АRM гледа нови можности за развој: новосоздадените Kunpeng 920 процесори и TaiShan серверите на Huawei првенствено се користат во големите апликации за обработка на податоци, дистрибуирано складирање и АRM апликации. Ќе работиме со глобалните партнери во духот на отвореност, соработка и заеднички успех за поттикнување развојот на екосистемот на АRM, изјави Вилијам Шу, член на одборот и шеф на секторот за стратешки маркетинг во Huawei.
Највисоки перформанси базирани на АRM процесор во индустријата
Kunpeng 920 е најпродаван серверски ARM процесор. Со користење на најновиот 7nm процес, процесорот е независно дизајниран од Huawei под ARMv8 лиценца за архитектура. Тој значително ги зголеми перформансите и ги оптимизира предиктивните алгоритми, го зголемува бројот на OP блокови и ја подобрува архитектурата на меморијата. На типична фреквенција на SPECint Benchmark тестови, процесорот Kunpeng 920 има резултат од над 930, што е 25% повисоко од индустрискиот репер. Во исто време, енергетската ефикасност е 30% подобра од онаа на другите индустриски решенија. Kunpeng 920 обезбедува многу поголема компјутерска моќ за центри за податоци и ја намалува потрошувачката на енергија.