Huawei ќе ги лансира производите од Matebook серијата на лаптопии на македонскиот пазар
Кон крајот на месецов, технолошкиот гигант Huawei ќе го прошири своето портфолио на паметни производи во Северна Македонија со нова категорија – лесни и преносни лаптопи од Matebook серијата. Македонските корисници ќе имаат на располагање 4 претставници - моделите Matebook X Pro со 13,9 инчен дисплеј на допир, ултра тенкиот 13 инчен Matebook 13 и елегантните машини од средниот ценовен опсег, Matebook D14 и D15.
Сите модели се одликуваат со Full View дисплеј, елегантнo металнoтело, копче за стартување со препознавање на отпечатоци и поддршка на интелигентни одлики за поврзување на лаптопот и вашиот паметен телефон Huawei, познати како Multiscreen collaboration или интеракција со повеќе екрани.
Huawei Matebook X Pro
13.9 инчниот Huawei Matebook X Pro тежи само 1,33 кг и е дизајниран за динамични деловни луѓе и креатори на дигитални содржини кои бараат мобилност, долготрајност на батеријата, супер детален и светол дисплеј, стил и уникатност.Хардверскиот систем е составен од 10-та генерација на процесорот Intel® Core ™ i7-10510U, 1TB SSD и NVIDIA® GeForce® MX250 видео картичка што работи со 2 GB GDDR5, а батеријата од 56Wh има неверојатно долг век на траење, подготвен да ги исполни барањата на сите потрошувачи. Huawei Matebook X Pro се очекува со оперативен систем Windows 10 Pro.
Huawei Matebook 1313 инчниот Matebook 13се базирa на мобилен процесор AMD Ryzen™ 5 3500U со графичка картичка Radeon™ Vega 8 и 512GB SSD. Екранот има сооднос 3:2 и резолуција од 2160X 1440 пиксели и исто така поддржува 100% од опсегот на sRGB. Батеријата од 42Wh трае до 10 часа нормална употреба и се полни со компактен полнач Type-C. Matebook 13 доаѓа со оперативен систем Windows 10 Home.
Huawei Matebook D14 & D15
HUAWEI MateBook D14 и D15 располагаат со дисплеј од 15,6 инчи и 1080p резолуција(1920x1080) и широк агoл на гледањеод 178 степени. Конфигурациите засновани наAMD Ryzen™ 73700U со Radeon™ Vega 8/ Radeon™ Vega RX 10 графики и 8 GB DDR меморија се присутни во моделите, а нивната батеријаимакапацитетод 42Wh. Matebook D14 и D15 се базирани на оперативниот систем Windows 10 Home.
Интеракција со повеќе екрани со Huawei Share
Лаптопите на иднината на Huawei нудат безбројни иновативни одлики, меѓу кои е и интелигентната интеракција помеѓу хардверот и софтверот напаметниот телефон и лаптопот,наречена Multiscreen Collaboration, базиранана Huawei Share технологијата.Вашиот паметен телефон и лаптоп ќе работат како еден уред, споделувајќи содржини за да овозможат најдобро корисничко изкуство, што е и приматот на брендот.
Huawei Matebook серијата ќе биде достапна на македонскиот пазар кон крајот на август.
Повеќе информации погледнете на: https://consumer.huawei.com/mk/laptops/matebook-x-pro-2020/