Huawei Mate X - револуционерeн 5G паметен телефон на преклоп на Huawei

Добивај вести на Viber

По долго очекување од обожаватели и експерти од целиот свет, Huawei го претстави новиот Mate X на овогодинешниот Mobile World Congress во Барселона. Овој модел е првиот 5G смартфон на компанијата и поставува нови стандарди за дизајн на паметни телефони.

Новиот Huawei Mate X има Falcon Wing, кој овозможува едноставно преклопување на екранот и Balong 5000 7-нанометарски чип систем. Батеријата од 4500 mAh која се полни за неколку минути со SuperCharge технологијата на Huawei, испорачува брзина од 55W.Кога Mate X е преклопен, изгледа како 6.6-инчен смартфон и по отворањето, уредот се претвора во таблет со 8-инчен дисплеј.


Falcon Wing – помеѓу технологијата и естетиката

Благодарение на бројните тестови на Huawei за максимални перформанси на Mate X, новиот телефон комбинира паметен телефон и таблет. Телефонот има високо-отпорен OLED екран и иновативен Falcon Wing преклопен механизам.

Иновативниот Falcon Wing механизам овозможува непречено и нежно преклопување на уредот. Раширената површина на Mate X е совршено мазна и кога е преклопена, двата дела на екранот се вклопуваат совршено. Транзицијата помеѓу двата мода (паметен телефон и таблет уред) е многу брза.

Екранот со 6,6-инчи на Mate X е вистински FullView дисплеј со извонредни карактеристики. Сликите се светли и детални. По отворањето уредот веднаш се трансформира во таблет со 8-инчен дисплеј, со дебелина од само 5,4 mm. Телефонскиот панел е корисен, издржлив и брзо се лади дури и со интензивна употреба. Покрај светлината и функционалноста, Mate X е исто така многу убав и извонреден. Моделот е достапен во целосно  футуристичка и модерна меѓуѕвездена сина боја.

Единствено 5G искуство

Со првиот 5G смартфон, Huawei отвори нова 5G страница во развоjот на компанијата. Едночиповиот систем Balong 5000 на потрошувачите им дава целосно ново искуство во смисла на удобност, брзина и оперативна моќност.

Поголемиот екран на корисниците им овозможува да вршат задачи кои се поврзани со работата, но исто така и за забава во слободно време. Благодарение на режимот на поделен екран, корисниците ќе можат да работат заедно со две апликации истовремено. Ова ќе овозможи, на пример, да преместите фотографии од вашата галерија и да ги префрлите директно на е-пошта.

Водечките паметни телефони на Huawei отсекогаш имале моќни камери, па Mate X не е исклучок. Новата „Leica“ камера нуди најнови технологии во мобилната фотографија, кои неизбежно ќе го претворат Mate X во логичен избор за љубителите и професионалните фотографи. Преклопниот дизајн му овозможува на системот на камерата да ги изведува предната и задната камера. Mate X, исто така, има интегрирано копче за напојување со сензор за отпечатоци.На тој начин корисниците можат да го активираат уредот со само еден допир, истовремено зголемувајќи ја заштитата на нивните лични податоци.


Следна генерација на 5G чипсет

Huawei Mate X е опремен со револуционерниот чипсет Balong 5000, со неверојатна брзина на преземање од 5G од 4.6GB во секунда. Две сим картички на Huawei Mate X овозможуваат мрежна поддршка од 4G и 5G. Покрај тоа, во компактното куќиште на телефонот има четири вградени супермодерни 5G антени кои дополнително го подобруваат квалитетот на врската.

Моќна батерија со HUAWEI SuperCharge

Новата специјално развиена 4.500 mAh батерија е вградена во Huawei Mate X телото со дебелина од 5.4 мм. Таа ги комбинира паметните AI технологија за да ја задоволи 5G ерата за подобри перформанси на батеријата. Телефонот се полни многу брзо, задоволувајќи ги барањата на сите луѓе кои претпочитаат динамичен животен стил. За само 30 минути, Huawei SuperCharge може да ја наполни батеријата до 85%.

Со појавата на 5G ерата, Huawei е посветена на обезбедување на сите корисници со целосно ново, интелигентно искуство.