HUAWEI NEXT IMAGE Awards 2022 – “Инспирирајте го светот” со вашите фотографии

Добивај вести на Viber

HUAWEI NEXT IMAGE Awards 2022, годишниот натпревар за фотографија на паметни телефони, е отворен и темата на оваа година е “Инспирирај го светот”. До 15 ноември 2022 година, сите корисници на Huawei уредиширум светот можат да ги испратат своите фотографии и видеа, да станат дел од глобалната заедница на фотографи и да освојат неверојатни награди.

Основан во 2017 година, HUAWEI NEXT IMAGE Awards се одржува веќе 5 последователни години, привлекувајќи корисници на HUAWEI од над 170 земји и досега бележи скоро 3,26 милиони аплицирања. Во ова време, натпреварот еволуираше во платформа за дискусија на глобални теми поврзани со мобилната фотографија, искуството на фотографирање со камери на паметни телефони и нови форми на изразување.

“Темата на овогодинешниот HUAWEI NEXT IMAGE Awards е “Инспирирај го светот”. Ги охрабруваме сите корисници на Huawei да ги испратат своите фотографии полни со младост, топлина, енергија и оптимизам. Кадри што ја доловуваат убавината на нашето секојдневие. Со нетрпение ги очекуваме сите учесници на HUAWEI NEXT IMAGE Awards 2022 година од нашиот регион”,изјави Лиу Ганг-Скофилд, генерален менаџер на Huawei Consumer Business Group за Бугарија и Северна Македонија.

Ова издание на натпреварот за фотографија со паметни телефони има ново жири и партнери, вкупно пет професионални членови. Меѓу нив се поранешниот уреднички директор на ELLE Кина - Никол Ксу, италијанскиот фотограф и уметник - Федерико Шамеј, фотограф од Романија - Михаела Норок, потпретседателот на кинескиот универзитет за комуникации во Нанџинг и потпретседателот на кинеската асоцијација на фотографи, Чен Ксиаобо, како и потпретседателот на одделот за маркетинг стратегија за потрошувачи во HUAWEI Consumer Business Group - Ли Чангжу. Заедно, тие формираат тим од експерти со различно знаење и искуство во фотографијата, благодарение на што заеднички ги прегледуваат материјалите, дискутираат и прогласуваат победниците.

Проширете ги границите и креативните можности на вашиот паметен телефон

Истражувањето на новите граници во фотографирањето со паметни телефони е мисијата на Huawei, а натпреварот NEXT IMAGE Awards е само еден пример за тоа. Во текот на изминатата година, компанијата воведе голем број клучни технологии за паметните телефони, како што се вклучување на монохроматски и систем со двојна камера во боја, примена на вештачка интелигенција за мобилна фотографија и перископен објектив.

Оваа година повторно ја поместивме границата за мобилна фотографија. Воведовме два нови смартфони: Mate 50 Pro и nova 10 Pro. Новиот Mate 50 Pro е кулминација на иновациите од серијата Mate и е најмоќниот паметен телефон некогаш направен во историјата на Huawei. Се одликува со камера со ултра широка бленда од 50 MP со првата физички прилагодлива бленда на 10 нивоа во светот, што вклучува клучни подобрувања во оптичкиот систем, механичката структура и технологијата за сликање и обработка. Ultra Aperture камерата има широка f/1.4 бленда, што работи со XD Fusion Pro процесорот за слика и значителен прием на светлина за прилагодување на осветленоста на сликата, деталите на светлината и сенките, како и студените и топли тонови до совршенство.И новиот nova 10 Pro е првиот паметен телефон што го менува традиционалниот пристап кон мобилната фотографија и стана лидер во иновациите во технологијата на мобилната предна камера. Овој телефон ја има првата двојна предна камера од 60 MP со автофокус што поддржува ултра широк агол од 100 степени и снимање видео во 4K. Дополнително, предната камера од 8MP Portrait Close-up, претставена за прв пат, поддржува 2X оптички зум и до 5X дигитален зум,вели Лиу Ганг-Скофилд.

Глобална платформа за ремек-дела

Благодарение на различните категории, HUAWEI NEXT IMAGE Awards е платформа каде што корисниците на Huawei ширум светот можат да ги покажат своите најдобри фотографии и видеа. Во споредба со 2021 година, овогодинешното издание додава пет нови категории што вклучуваат Art & Fashion, Sport, како и три категории на видеа: Action, Storytelling Short Film и Storytelling Long Film. Кога сме веќе кај наградите, овогодинешниот NEXT IMAGE Awards ќе им овозможи на сите победници да соработуваат со партнерските медиуми и да добијат официјални покани за настани со што и ќе ги подобрат своите фотографски способности.

Натпреварот HUAWEI NEXT IMAGE Awards 2022 е поделен во девет категории:

·ART & FASHION

Уметноста и модата се највисоката форма на самоизразување.

Овековечете го моментот што ве инспирира.

·OUTDOOR

Излезете и погледнете наоколу, инспирацијата може да се најде насекаде.

Доловете што значи “надвор” за вас.

·PORTRAIT

Портрет може да каже илјада зборови.

Доловете ја вистината на вашата тема.

·SPORT

Спортот комбинира акција со емоции.

Овековечете спортски момент полн со адреналин.

·HELLO LIFE

Инспиративен или емотивен момент од вашето секојдневие.

Снимете парче живот од светот околу вас.

·STORYBOARD

Серија од 3 до 9 фотографии што раскажуваат приказна или расплетуваат момент низ различни перспективи.

Снимете го патувањето на вашиот предмет.

·ACTION

Да се ​​биде во центарот на акцијата може да го забрза вашето срце и да ги прошири зениците.

За 30 секунди или помалку, снимете момент што ви значи.

·STORYTELLING

o Краток филм: до 5 минути

o Долг филм: 5-30 минути

Раскажете приказна што ќе го инспирира светот.

На натпреварот ќе бидат одбрани 3 Grand Prize добитници, 24 победници во различни категории и 27 стимулативни награди. Секој од Grand Prize добитниците ќе добие по 10.000 долари од NEXT IMAGE Creative Fund и електронски сертификат. Првопласираните во категориите ќе добијат по 1.500 долари од NEXT IMAGE Creative Fund и електронски сертификат. Второпласираните во категориите ќе добијат HUAWEI P50 Pro (8+256G) и електронски сертификат.

За да бидете дел од овогодинешниот HUAWEI NEXT IMAGE Awards, посетете ја официјалната веб-страница и следете ги дадените чекори. Краен рок за пријавување е 15 ноември 2022 година, 18:00 часот. Сите пријави на HUAWEI NEXT IMAGE Awards мора да бидат снимени со HUAWEI уред. Нема ограничувања кога снимате фотографии/видеа или кој модел на телефон на HUAWEI го користите. За повеќе детали и правила на натпреварот, посетете ја официјалната веб-страница на Huawei.

ПР објава