Huawei P Smart 2021: Нежен и заводлив изглед, со перформанси за сите предизвици
Ви треба ли нов
евтин, но квалитетен и ефикасен смартфон за вашите Tiktok видеа, за сториите и
објавите на Instagram за вашите следбеници, за селфи фотки кои ќе бидат забележани?
Можеби за вас го имаме најдоброто решение. Huawei P Smart 2021 како смартфон од најновата генерација со цена од само 200 евра, може да биде изборот за сите ваши потреби на социјалните мрежи. Ако го нема на Instagram или TikTok исто како да не се случило. Тогаш, повеќе од сигурно е дека ви е потребен квалитетен смартфон кој нема да ве остави на цедило, а притоа ќе го испразни вашиот буџет на минимално ниво.
Бидете впечатливи со Blush Gold нијансата
Huawei P Smart 2021 како што асоцира бројката во неговото име е одраз на новата генерација на паметни телефони. Прилично квалитетно изработен и покрај тоа што според цената е сместен во основната спрема средната класа на уреди. Huawei P Smart 2021 има доста цврсто тело, заоблените рабови на сите страни даваат премиум чувство додека го држите во раката, ниту е лесен како вообичаените смартфони од овој сегмент, ниту пак е крут или недефиниран.
Тој баланс на цврста градба, минимална рамка околу екранот, како и препознатливата естетика на Huawei, прават овој смартфон да се истакнува визуелно, односно нема шанси а да не поминете незабележани во друштво, на работното место, во училиштето или на излегување со нежната златна боја на маската со розеви примеси.
Blush Gold нијансата имаше можност токму екипата на zenskimagazin.mk да ја тестира во изминатиот период и може слободно да кажеме дека сме задоволни како од изгледот и дизајнот на Huawei P Smart 2021, неговата цена, така и при работа со апликации, социјални мрежи и интернет алатки.
Перформанси за сите сценарија и предизвици
Еден модерен смартфон од основната средна класа покрај пристапната цена, треба навистина да понуди повеќе адути за да го задржи вашето внимание. Таа комбинација ја поседува Huawei P Smart 2021, како уред кој располага со осум-јадрен Kirin 710A процесор, 4 GB RAM и 128 GB основна вградена меморија, сосема доволна за да правите голем број на слики и видеа со камерите, како и да ги сочувате сите ваши документи, фајлови и податоци.
Huawei P Smart 2021 има прилично голем 6,7 инчен IPS LCD дисплеј со резолуција од 1080 x 2400 пиксели што овозможува одлична прегледност на сите содржини, осветленоста е поставена на високо ниво, деталите на екранот импресивни, а боите се богати во изразот и живописни. Смартфонот е одличен за гледање на видеа на социјалните мрежи и на објави, а исто така може без никакви проблеми да читате статии на интернет.
Батеријата има врвен капацитет од 5000 mAh. Така практично ќе заборавите на полначот во текот на денот, бидејќи енергијата на Huawei P Smart 2021 е доволна за завршување на сите ваши обврски, без оглед дали работите од дома, сте во канцеларија, или пак некаде на прошетка во природа.
Брзото полнење на батеријата е уште еден од адутите на Huawei P Smart 2021, односно со потенцијалната брзина од 22.5W за половина час се полни речиси половина од самата батерија. Затоа не треба да се грижите ако имате долги телефонски разговори, често допишување со вашите пријателки и колешки во Viber групите или ако правите еден тон фотки додека не се погоди вистинската.
Со Huawei P Smart 2021 како ваш придружник секој значаен момент ќе може да го забележите на камера, а хардверот ќе ви овозможи да најдете решение за сите задачи.
Опремена камера за идеални фотки и видеа
Камерата на Huawei P Smart 2021 е исто така еден од значајните адути бидејќи нема да ве разочара во ниту еден поглед. На предната страна е поставена во самиот центар е сместена 8 мегапикселна селфи камера која е погодена за правење на портрети. На располагање имате повеќе филтри за убавина и ефекти, а многу повеќе алатки за уредување на сликите се наоѓаат во апликацијата за уредување на слики Gallery, од додавање на стикери, цртежи, правење колажи и многу други.
Главната камера на задната страна е составена од четири сензори, од кои примарниот е за почит со 48 мегапиксели и f/1.8 широка леќа што овозможува големо собирање на светлина за вистински резултати. Останатите два сензори имаат по 2 мегапиксели наменети за макро фотографии и длабочински ефекти, а четвртиот сензор има 8 мегапиксели со ултраширока леќа од f/2.0.
Во понудените режими е и Night mode како едно од последните најдобри достигнувања на Huawei за ноќно фотографирање и снимање, или во услови кога има слаба или ограничена светлина.
Софтвер кој има се што ви е потребно во секое време
Сигурно ќе прашате, но дали Huawei P Smart 2021 има Instagram, Messenger, Snapchat, Twitter, Viber, WhatsApp, Facebook и итн. Може да ве увериме дека од понуда на апликации Huawei P Smart 2021 работи исто како и било кој друг Android смартфон. Разликата е во тоа што нема пристап до маркетот на апликации како што Play Store, но затоа Huawei има неколку софтверски решенија.
Најпрво тука е Huawei AppGallery како нов маркет за апликации од каде може да наоѓате голем број на нови и квалитетни апликации и игри. Тие кои пак, се уште не се достапни директно преку AppGallery може да ги најдете преку алатката Petal Search која нуди највисоко ниво на безбедност при пребарување на фајловите за инсталирање на апликациите. Така на пример ќе ги најдете сите социјални мрежи и алатки за работа, учење или организација кои не се дел од AppGallery. Третиот метод е да ги префрлите сите ваши апликации и содржини од претходниот смартфон кој што сте го користеле, односно да го „клонирате“ на вашиот нов Huawei P Smart 2021. Тоа се прави веднаш штом го активирате Huawei P Smart 2021 и процедурата е многу едноставна во неколку кратки и брзи чекори.
Сумирани впечатоци
Huawei P Smart 2021 како смартфон во основната средна класа доаѓа од веќе проверен и етаблиран бренд како Huawei. Тоа само по себе треба да биде доволна гаранција дека телефонот ќе биде квалитетен избор за вас, особено ако сакате уред кој нема да ве чини многу пари, но и притоа ќе ви обезбеди достојни перформанси за сите ваши модерни предизвици и потреби.