Huawei започна со продажба на P40 Pro+ и на македонскиот пазар

Добивај вести на Viber

По успешното лансирање на Huawei P40 Pro и P40 lite оваа година, и врвниот претставник на серијата - Huawei P40 Pro+ од овој месец веќе е достапен и на македонскиот пазар, со револуционерна, петкратна Ultra Vision Leica камера и дизајн на телото базиран на керамика. 

HUAWEI P40 Pro+

Импресивната петкратна Ultra Vision Leica камера им овозможува на корисниците да создадат спомени во Super Definition, без оглед на времето и денот или оддалеченоста од предметите што ги сакаме во кадарот. Вградениот Ultra Vision сензор на Huawei P40 Pro и новиот P40 Pro+ е најголемиот CMOS сензор на пазарот досега. Со размер од 1/1,28 инчи, поддржува супер големи пиксели со големина од 2,44 μm, “фаќа” невидена количина на светлина, како и точен авто-фокус, благодарение на Full Pixel Octa PD AutoFocus.

Корисниците можат лесно да снимаат филмски видеа со помош на 40MP камерата со ултра широк агол и вградена технологија SedecimPixel Fusion, овозможувајќи снимање и при неверојатно слаба светлина. Уникатниот SuperZoom Array постигнува до 10x вистинско оптичко зумирање и дигитален зум до 100x. Селфито се носи на ново ниво со предната камера од 32MP со авто-фокус и IR длабочина, кои создаваат природни bokeh ефекти.

Благодарение на технологијата HUAWEI XD Fusion Engine, системот на камери на HUAWEI P40 Pro+ може брзо да процесира огромна количина на информации, нагласувајќи ја исклучителната јасност на пикселите на секоја фотографија, преку ден и навечер. Препознатливите одлики на P40 серијата на Huawei како HUAWEI Golden Snap и Directional Audio Zoom додаваат уште поголема флексибилност кај моќните камери, дозволувајќи им на корисниците лесно да снимаат неверојатни портрети и видеа при слаба светлина.

Керамичкиот грб на HUAWEI P40 Pro+ е креиран од кристален циркониум прав со нано-технологија, за која беа потребни 5 дена на прецизно полирање. Резултатот е елегантен 3D ефект врз тенкото тело. Huawei P40 Pro+ е олицетворение на безвременската класика, во боите - White Ceramic и Black Ceramic.

Заоблениот Overflow дисплеј од 6,58 инчи со супер тенки рамки овозможува висококвалитетна слика што создава чувство на бесконечност, а вградениот сензор за отпечатоци помага при брзо и сигурно отклучување на паметниот телефон.

Напојуван со Kirin 990 5G SoC и 5G модем, со 8 GB RAM меморија и 512 GB складирање, како и dual SIM, HUAWEI P40 Pro+ гарантира исклучителна брзина и перформанси, AI поддршка, ефикасност на батеријата и 5G конекција што е компатибилна со широк опсег на 5G мрежни конфигурации. Технологијата 160MHz Wi-Fi 6 Plus постигнува оптимални теоретски безжични брзини до 2,4 Gbps. HUAWEI P40 Pro+ исто така вклучува специјално дизајниран систем за ладење SuperCool 4-во-1 и го поддржува водечкиот во индустријата 40W Wireless HUAWEI SuperCharge.

Во април 2020 година, TIPA (Technical Image Press Association) ја додели престижната награда за мобилна фотографија TIPA World Awards 2020 на трите водечки паметни телефони - HUAWEI P40, HUAWEI P40 Pro и HUAWEI P40 Pro+. Според TIPA, ова се најдобрите смартфони за фотографии од 2020 година. Ова е четврта година по ред во која серијата HUAWEI P е призната од TIPA за многуте исклучителни функционалности и решенија што ги сакаат и користат професионалните и аматерски фотографи.

Huawei P40 Pro+ е Android телефон, кој доаѓа со официјалната продавница за апликации на Huawei - AppGallery, која постојано се збогатува со омилените глобални и локални апликации, веќе е достапен во продавниците на Сетек, по препорачана крајна цена од 79,990 денари.

Повеќе информации за паметниот телефон на линкот.