ЕПП // ЕПП
Хуманитарна изложба на децата од основните училишта во Центар и концерт на Златно Славејче за помош во лекувањето на Леонид Индов во Рамстор Мол
- 13 Декември, 2023
Рамстор Мол и Општина Центар заедно со децата од основните училишта во Центар и Златно Славејче организираат хуманитарна изложба и концерт за помош во лекувањето на Леонид Индов.
Ве повикуваме на 13ти Декември во 18:30 часот во Рамстор Мол, да му помогнеме на Лео да ги собере потребните средства и да ги надмине предизвиците.