Хурем во Кан се појави облечена како „црна вдовица“: Заради превезот на лицето сите се прашуваат што ѝ се случило

Добивај вести на Viber

Непрепознатливата Хурем во Кан се појави облечена како „црна вдовица“: Со превез на лицето сите се прашуваат што и се случило

Мерјем Узерли на црвениот тепих во Кан се појави облечена во заводлив црн фустан од тантела. Но, она што се истакна во целиот нејзин изглед секако беше црниот превез кој и ги покриваше лицето и косата.

Во моментот кога фотографите почнаа да ја фотографираа, Мерјем драматично го соблече превезот, откривајќи ја нејзината црвена коса долга до средината на грбот.

Сепак, публиката имаше поделено мислење за нејзиниот стајлинг, а повеќето сметаа дека црниот вел не и бил потребен. Иако, многумина овој нејзин гест – отфрлањето на црниот превез на црвениот тепих, го сметаат за симболичен гест на отфрлање на лошата среќа.

Потсетуваме, Мерјем во екот на славата за време на снимањето на Сулејман Величествениот мислеше дека има среќа во љубовта. Таа го запознала бизнисменот Кан Атес, кој е 17 години постар од неа. Забременила со него, и убедена дека и Кан ќе ја сподели нејзината радост, страшно се разочарала откако тој се обидел да ја натера да абортира бидејќи не можел да го поднесе фактот дека тоа ќе му биде трето дете.

Со оглед на тоа што веќе беше доволно кревка поради огромната слава со која сè уште не знаеше како да се носи, успеа да донесе одлука. По многу размислување, таа конечно остана на ставот дека нема да абортира и така се роди малата Лара, која сега е центарот на нејзиниот свет.


Фото: Profimedia