И астрологијата со коментар за Барби манијата: Овие три хороскопски знаци најмногу личат на Барбики

Докторка, астронаут, освојувач на олимписки медали, инструктор по аеробик... Само една личност може да ги има сите овие достигнувања зад себе, а тоа е Барби! Иконската кукла остави свој белег на неколку генерации, учејќи ги младите дека можат да постигнат сè и да изгледаат неверојатно додека го прават тоа.

Филмот „Барби“ пристигнува во кината и ќе и вдахне сосема нов живот на иконската кукла со розов живот. Според астрологот Брендон Ли, постојат 3 хороскопски знаци кои се поголеми обожаватели на Барби од другите и имаат поспецијална врска со овој лик.

Доколку имате афинитети за луксузен и совршен начин на живот, ја обожавате модата и луди сте  по новиот тренд на Барби кој го зафати светот, можеби сте еден од трите хороскопски знаци кои ја носат енергијата „Барби“.

Лав - Овие знаци ја отелотворуваат Барби и навистина носат дел од нејзината флертувачка енергија. Исто како неа, тие се доминантни, забележливи штом ќе влезат во собата и секогаш се во центарот на вниманието. Барби е вистински шеф, како и Лавовите. Харизматични лидери, сончеви - исто како куклата. Таа води гламурозен живот, кој многу им се допаѓа на овие знаци. Нејзиниот шарм и нејзиниот начин на живот едноставно многу потсетуваат на кралевите на Зодијакот. Лавовите се привлечни и го добиваат она што го сакаат, исто како што тоа го прави Барби.


Следна страна