И фустан и панталони! Величествен изглед на Сандра Булок кој ќе се копира со децении
... и едвај чекаме да
ги видиме сите варијанти на оваа необична комбинација!
Холивудската актерка Сандра Булок не се појавува често во јавноста, дури ни на црвениот тепих. Ја гледаме само на собири на познати личности и когапромовира нејзин нов филм, што е случај во последно време, па неколку пати не‘ почести со вистински мали модни задоволства.
Така беше и на лондонската премиера на „Изгубениот град“, каде една од омилените личности на Холивуд и ценета оскаровка игра со Ченинг Тејтум и Даниел Редклиф.
Убавата Сандра на црвениот - иако зелен - тепих се појави во необичен костим. На прв поглед изгледа дека актерката носи долг сако-фустан, но станува збор за блејзер од кој се спушта шлеп, што ја создава оваа илузија.
Булок носеше класичен црн костим, составен од панталони и струкиран блејзер со едноставен дизајн. Сепак, не е сè така класично: шлепот во розова, виолетова и портокалова нијанса се зашиени на висина на градите и на едното рамо, кои се вкрстуваат и паѓаат странично.
Станува збор за креација на брендот Carolina Herrera, модел на костум за кој треба да се издвојат 5.500 евра и кој беше претставен како дел од колекцијата за есен и зима 2022 година.
Сандра не избра премногу комплицирана шминка, а косата ѝ беше пуштенаво лабави локни, додека сè заокружи со висечки обетки и црни салонки на високи потпетици.
Фото: Инстаграм
Фото насловна: Инстаграм - screenshoot - cokylatinoamerica