И јас малку да уживам со сопругот: Јелена Ѓоковиќ сподели неодоливи моменти од одморот со Новак

Добивај вести на Viber

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ и неговата животна сопатничка Јелена повторно и повторно ни докажуваат дека постои љубов за цел живот.

Со оглед на тоа што го пропушта УС Опен, Новак Ѓоковиќ слободното време го користи за да ужива со семејството, а деновиве беше во Турција заедно со сопругата Јелена.

Двојката обично ретко споделува приватни моменти, но сега ги израдуваа своите фанови со слатки фотографии од одморот.
Новак и Јелена прво навиваа на кошаркарскиот натпревар меѓу Турција и Србија, а потоа останаа сами и уживаа во заедничките моменти.

Јелена сподели дел од нивното уживање на Инстаграм, па имавме можност да видиме како парот ужива во гушкање и разменување бакнежи, а сопругата на Новак напиша:

-Последниот слободен викенд го искористив малку да уживам со сопругот.


Јелена Ѓоковиќ за оваа пригода избра лежерен стајлинг, а судејќи по нивната насмевка, ова патување им било вистинско уживање.

извор:GLOSSY